Марамите за коса се одличен летен аксесоар па не ги заборавајте оваа сезона. Може да ги носите на плажа, на кафе или на вечерни журки. Погледнете го овој туторијал со слики за да направите супер фризура со марама за коса. Пожелно е да одберете марама со тенка жица која го задржува обликот и стои поцврсто за разлика од обичните марами.rnrn
rn
Потребно:
rn
- rn011
- Лак за коса
- Пегла за коса
- Чешел за тапирање
- Гел-спреј за зацврстување
- Марама за коса
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНајпрво испрскајте ја косата со лак за коса од коренот до врвовите. За да направите совршени брановидни локни разделете ја косата на двете страни со неправилен патец и врзете го едниот дел горе на главата. Со другиот дел од косата направете плетенка и со помош на пегла за коса поминете по плетенката создавајќи мал притисок (како што е прикажано на сликата). Повторете го истото со другиот дел од косата.rnrn
rnrnОтпуштете ги плетенките внимателно разделувајќи ги со прсти прамените од косата за да не ги уништите локните. Истапирајте го горниот дел од косата за да добиете волумен, почнувајќи од врвот кон коренот.rnrn
rnrnОдберете цврст гел-спреј за зацврстување на локните и испрскајте.rnrn
rnrnЗа совршено да ја врзете марамата поставете ја со двата краеви напред околу вратот точно под брадата. Фатете ги двата краеви и кренете ги до врвот на главата, потоа врзете ги во панделка. Донесете дел од локните пред марамата околу лицето за да го завршите овој романтичен изглед.rnrn
