Добрата исхрана е клучот за здрав ум и здраво тело. Сепак, здравата исхрана може да се одрази врз вашиот џеб, а токму затоа и таа е недостапна за семејствата со ниски приходи. Еве како можете да се храните здраво со ограничен буџет.rnrn
rn
Гответе
rnЕден од најефикасните начини да заштедите е да готвите без разлика дали работите од дома или одите на работа. Доколку, пак, немате време, можете во недела да зготвите поголема количина која ќе ја ставите во фрижидер.rn
Купувајте од локалните пазари
rnПосетете го пазарот за овошје и зеленчук кој се наоѓа во ваша близина. Освен тоа, купувањето сезонски производи може навистина да ви помогне да заштедите.rn
Искористете ги сите намирници
rnПогрижете се максимум да ги искористите вашите намирници за да не фрлате ништо. Така, на пример, можете максимално да ја искористите зелката која ви е при рака па да направите чорба од зелка, да ја додадете во други јадења, или пак смуди. Бидете креативни!rn
Користете ги попустите
rnПонекогаш продавниците нудат големи попусти кои не смеете да ги пропуштите.rn
Подготвувајте ги оброците однапред
rnСигурно не сакате да готвите по напорниот ден. Затоа, добро би било да одвоите еден ден од неделата за подготовка на оброците. Притоа, не заборавајте да додадете колку што е можно повеќе зеленчук и протеини.rn
Купувајте замрзнати производи
rnКупувањето замрзнато овошје и зеленчук е одличен начин да се храните здраво кога имате ограничен буџет. Замрзнатите производи се поевтини околу 30 проценти од свежите и траат многу подолго, а освен тоа тие се веќе спремни за употреба така што нема да губите време на сечкање.rn
Јадете помалку месо и млечни производи
rnНе заборавајте да вклучите веганска или вегетаријанска опција во вашето неделно мени. На пример, можете да го замените месото со тофу или веганско сирење. Ова може да биде одлична идеја со оглед на тоа дека цената на месото поскапува.rnrnОткако ги прочитавте нашите совете за штедење, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те методи за штедење без одрекување.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr