Како да станете успешен лидер?

Сподели

Повеќето вработени велат дека не му завидуваат на шефот и неговата посебна канцеларија. Но, вистината е дека вработените сепак би прифатиле поголема канцеларија, но не и поголеми одговорности што доаѓаат заедно со повисоката позиција. Следуваат неколку совети како да станете успешен лидер и полесно да ги надминете главоболките.

Реклама

Подобрете ја комуникацијата

rnИмајќи предвид дека живееме во ерата на информатичка технологија, способноста за комуникација и мотивација на вработените е од суштинско значење. Поранешниот претседател на Крајслер, Ли Лакока, вели: „Ако имате брилијантни идеи, но не можете да ги презентирате, вашите идеи нема да ве одведат никаде“.

Колку сте подобри во писмената и во усната комуникација, толку поголема добивка ќе имате. Усовршете ги комуникациските вештини прифаќајќи да држите презентации и да пишувате извештаи. Ако не ви е пријатно да бидете центар на внимание, зголемете ја самодовербата така што ќе се вклучите во организирање на јавен говор или ќе започнете со курс по деловна комуникација.rn
rn

Слушајте внимателно

rnВнимателните лидери поминуваат исто толку време во слушање, колку што зборуваат. Иако се самоуверени, сепак ги немаат одговорите на сите прашања. За нив се добредојдени повратните информации, алтернативните гледишта и новите идеи. И покрај тоа, нивната политика за поттикнување на вработените е да допрат до нив преку поставување прашања и покажување на загриженост за нив.

Вежбајте „активно слушање“.  За време на дискусија фокусирајте се на тоа што се зборува, не прекинувајте го соговорникот и не наведувајте го на одговор што вие сакате да го слушнете. Повремено климајте со главата, не погледнувајте пречесто во телефонот и постојано одржувајте контакт со очите.rn
rn

Имајте висок морал

rnЕтиката и одговорноста не се само празни зборови; тие се императиви во бизнисот. Всушност, извршните директори го наведуваат интегритетот како најважна карактеристика која ја бараат кај идните лидери. Штом вашиот карактер се доведе во прашање, штетата може да биде голема.

Заштитете го вашиот углед со чесно и темелно работење. Бидете сигурни дека се водите според вистинските вредности. Ако евентуално направите грешка, преземете ја целосната одговорност и веднаш поправете ја.rn
rn

Изградете силна внатрешна мрежа

rnВлијателните менаџери знаат дека добрата поврзаност и почитта која ја имаат се клучни за добивање на информации од различни извори. Тие исто така знаат дека полесно ќе ги „продадат“  своите идеи  доколку имаат сојузници што ќе ги поддржуваат. Заради тоа потребно е постојано да ја одржувате силна мрежата во организацијата.

Проширете ги вашите достигнувања така што ќе се спријателите со колегите од компанијата. Присуствувајте на настани организирани од компанијата и бидете тимски играч. Споделете го успехот и помагајте кога сте во можност затоа што сето тоа ќе ви биде возвратено.rn
rn

Бидете флексибилни

rnВрвните менаџери се прилагодливи, креативни и способни да размислуваат. Тие се отворени за нови начини на извршување на работите и знаат дека не постои само еден единствен правилен начин за постигнување на целта. Ако приоритетите во бизнисот се променат, или ако од вас биде побарано да работите на проект кој не е дел од вашите работни задачи, бидете отворени и подготвени за промена. Прифатете го новиот предизвик со позитивен став.rn
rnЗа крај, потребни се време и посветеност за да се развијат лидерските особини. Но, напорот се исплатува. Ако се чувствувате малку непријатно или исплашено додека ги совладувате овие вештини, сетете се дека ниеден лидер не се родил како таков. Сите тие напорно работеле за да станат лидери какви што денес ги знаеме.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира