Кога многу ни студи, сите посегнуваме по вообичаените начини на загревање – го засилуваме парното, пиеме топол чај и слично. Некои од овие работи се погрешни, но други ќе ви помогнат подолго да ја задржите топлината на телото. Еве неколку совети.rnrn
rn
Не зголемувајте ја температурата на вашето грејно тело во домот
rnКога ќе излеземе надвор на ладно, разликата во температурите може да предизвика промени во малите крвни садови што пак доведува до послаб проток на крвта до одредени делови од телото. Затоа, температурата во домот не треба да ви биде повеќе од 20 степени Целзиусови.rn
Не пијте топло кафе или чај кога сакате да се загреете
rnМногупати за да се загрееме на ладно време, сакаме да се напиеме шолја топол чај или кафе, но ова е една голема, а сепак вообичаена грешка. Кофеинот ги блокира рецепторите во крвите садови и со тоа спречува тие да се собираат на ладно. Бидејќи тие остануваат проширени, вие ја губите топлината многу побргу. Ако веќе сакате да се напиете нешто, изберете чај од ѓумбир кој има природни својства на загревање.rn
Не држете ги рацете во џебовите
rnИако првата работа што ни доаѓа да ја направиме кога ќе излеземе на студ, е да ги пикнеме рацете во џеб за да се загрееме, сепак, ова не е најдобро решение. Многу подобро е рацете да ви останат надвор, бидејќи мавтањето со нив додека се движите претставува своевидна вежба за телото, која го подобрува дотокот на крв и со тоа ви овозможува да бидете позагреани.rn
Загрејте ја облеката на парно
rnВо текот на зимата, една од најтешките работи кога станува збор за загревањето на телото, е одржување на тополината во стапалата. А нашите стапала се како термос, ако денот го започнете со ладни стапала, голема е веројатноста дека ќе останете смрзнати цел ден. Затоа, додека се подготвувате да излезете од дома, ставете ги чорапите и останатата облека на парно неколку минути и облечете ги топли.
