КАФЕ ПАУЗА

Како да се справите со прикриеното вербално малтретирање?

Како да се справите со прикриеното вербално малтретирање?

Written by

in

,

Прикриеното вербално малтретирање може да ви изгледа сосема безначајно. Не сфаќате дека ве малтретираат и се навикнувате на тоа. Ова вербално малтретирање настанува кога некој ви кажува како да се чувствувате, што да размислувате или што ви е потребно. Навистина е подмолно и воопшто не го ни гледате како малтретирање.rnrnКако да се справите со прикриеното вербално малтретирање?rnrnДали во вашиот живот постои личност која се однесува како да ве поседува и како да знае подобро од вас што ви е потребно? Понекогаш ова го прават и родители на возрасни деца, најчесто со следниве фрази:rn

    rn 011

  • „Секогаш си премногу чувствителен/на.“
  • rn 011

  • „Никогаш не си можел/а да се справиш со вистината.“
  • rn 011

  • „Треба да правиш/чувствуваш/сакаш/очекуваш… ако си добар/искрен/успешен…“
  • rn

rnДали некогаш се запрашувате како може некој да се осмели да ви каже како да се чувствувате? Или ова однесување станало навика во вашата врска со мајка ви, татко ви, партнерот, па веќе сметате дека сè што ќе кажат е вистина? Ова се случува кога сте се навикнале на малтретирањето.rnrnРазмислете за врската што ве полудува. Дали таа личност ви кажува кои сте, што да мислите и што да чувствувате? Дали често го слушате зборот „би требало“? Ова е прикриено вербално малтретирање.rnrnНекои толку многу се навикнуваат на малтретирањето што понекогаш и го оправдуваат. Како деца можеби сте се навикнале да бидете понижувани од вашите родители, па како возрасни барате партнер што ви го прави истото. Ви изгледало познато и ви изгледало нормално.rnrnБез разлика колку нормално ви изгледа, ова е однесување што не треба да го прифатите. Луѓето што ве малтретираат сакаат да ја дефинираат вашата реалност за да можат да ве контролираат. Можеби ќе си помислите дека личноста само се грижи за вас и не сака да згрешите. Но, ако сте возрасни тогаш сигурно можете самите да одлучите:rn

    rn 011

  • Како да живеете
  • rn 011

  • Што мислите
  • rn 011

  • Што чувствувате
  • rn 011

  • Што ви треба
  • rn 011

  • Што сакате
  • rn 011

  • Кои сте
  • rn

rnАко сте се навикнале да ви ги кажуваат овие нешта, уште денес застанете на своја страна. Преземањето на контролата над вашиот живот може да биде бавен процес, но започнува овде. Наскоро ќе забележувате кога другите сакаат да ја наметнат нивната моќ над вас и нема да им го дозволите тоа.rnrnПред да се ослободите од вербалното малтретирање, потребно е да го препознаете. Потоа обидете се да го смирите вашиот гнев. Нормално е да се чувствувате гневно. Штом ќе го забележите малтретирањето нема да можете да го заборавите. Овој гнев е здрав, но ако му дозволите да ве надвладее ќе си создадете други проблеми.rnrnКога ќе сфатите дека некој се обидува да ви го контролира животот, побарајте помош. Можете да се обратите и кај вашиот терапевт. Заедно ќе создадете стратегија и ќе имате поддршка да ја направите потребната промена во вашите врски.rnrnДознајте и кои се предупредувачките знаци дека партнерот ќе ве контролира.rn