КАФЕ ПАУЗА

Како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи?

Како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи?

Никој не се чувствува пријатно кога ќе наиде на пајак што го демне од аголот. Овие совети ќе ви помогнат да се ослободите од пајаците засекогаш.rnrnКако да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи?rn

1. Населете бубамари

rnАко имате градина, тераса или балкон, населете ги со бубамари. Овие слатки инсекти се големи непријатели на пајаците и една бубамара може да изеде 50 пајаци дневно. Насадете растенија што привлекуваат бубамари, како што се копар или анасон и спасете се од пајаците.rn

2. Користете ментол

rnНајлесен начин да ги задржите пајаците подалеку од вашиот дом е да капнете неколку капки масло од мента во вода и да ги испрскате аглите на вашиот дом. Препаратот можете да го направите сами или да купите средство на база на нане.rn

3. Отстранете ги сите мрежи

rnРедовното отстранување на пајаковите мрежи е најдобриот начин за борба против пајаците. Редовно проверувајте ги сите скриени агли во вашата куќа и отстранете ги мрежите за да го спречите нивното размножување.rn

4. Набавете милениче

rnДомашните миленици се многу успешни во борбата против пајаците затоа што ги јадат сите. Животните, а особено мачките, ќе ловат сè што се движи низ куќата и ќе ги уништат несаканите гости уште пред да успеете да забележите дека тие воопшто се таму.rn

5. Исчистете го нередот

rnПајаците сакаат простории преполни со работи каде што има многу скриени места во кои можат да се прикрадат. Ако чувате непотребни парчиња мебел и десетици саксии со цвеќиња, ослободете се од вишокот предмети, па ќе има помалку пајаци.rn

6. Распоредете портокали и лимони низ домот

rnПајаците не поднесуваат мирис на цитрус, па затоа нема да бидат во вашето опкружување ако низ домот чувате лимони, портокали, мандарини и слично.rn

7 . Измијте ги прозорците со специјална мешавина

rnАко ги измиете прозорците со мешавина од амонијак и вода, ќе ги спречите пајаците да влезат во куќата. Кога прозорците ќе бидат суви, премачкајте ги со хартија од весник натопена во керозин, кој ги одбива пајаците, мувите и комарците.rn

8. Користете еукалиптус

rnДруг мирис што пајаците едноставно не можат да го поднесат е еукалиптусот, па ставете го ова растение во бањата, во плакарот и на слични места каде што може да има пајаци. Освен што ќе ги избркате пајаците, ќе имате и пријатен мирис во станот.rn

9. Свеќи со цимет

rnЦиметот е уште еден мирис што пајаците не можат да го поднесат.rnrnПрочитајте како да се ослободите од мравките на природен начин.