КАФЕ ПАУЗА

Како да престанете да ги одложувате обврските?

Како да престанете да ги одложувате обврските?

Written by

in

,

Од утре ќе почнам да учам, од следната плата ќе почнам да штедам, од понеделник сум на диета… На крај, фаќате книга три дена пред испитната сесија, на штедење ви текнува кога ќе се појават непредвидени трошоци, а дури две недели пред летниот одмор се решавате на некоја брза диета. И сето тоа затоа што во меѓувреме сте избрале да правите нешто друго што ви било полесно.rnrnКолку пати ви се случило да поминете часови на Фејсбук или пред телевизија соочувајќи се со тешкотијата воопшто да започнете со учење. Или колку пати сте го изеле последното колаче пред диетата?rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?rnrnБез разлика за каква обврска се работи, нејзиното одложување заради ирационални причини е голем проблем кој ќе ве оддалечи од исполнување на целите. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги избегнете ваквите ситуации.rnrn

Соочете се со стравот

rn
rn

„Одложувањето на обврските е страв од успех. Луѓето ги одложуваат обврските затоа што се плашат од успехот што следи потоа. Успехот е тежок, бара одговорност, па многу полесно е тоа да се одложи и да се живее со мислата дека еден ден ќе успеат во нивните цели.“ – Денис Вејтли

rnСе чини дека Вејтли го пронашол коренот на овој проблем. Полесно е да се живее со мислата дека еден ден ќе стигнете до атлетско тело, отколку да почнете да вежбате веднаш. Соочете се со стравот од одговорноста што ја бара патот кон успехот и значително ќе се доближите до целта.rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?rn

Направете каква било одлука

rn
rn

„Во момент на одлука, најдоброто нешто што можете да го направите е да постапите правилно, следното најдобро нешто е да погрешите, а најлошо е да не сторите ништо.“ – Теодор Рузвелт

rnСè започнува со одлуката дека сакате да правите нешто. Каква било одлука ќе ве однесе до некаква цел. Доколку неа ја нема, само тапкате во место.rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?rn

Престанете да размислувате и преземете акција

rn
rn

„Предолгото размислување околу извршување на некоја работа најчесто завршува со нејзино неизвршување.“ – Ева Јанг

rnСекако дека план е потребен, но барање совршен план ве носи на патот кон неизвршување на задачата. Премногу планирање најчесто дава спротивен ефект од оној кој го посакувате. Помирете се со фактот дека не ќе можете да пронајдете совршен план и почнете да го реализирате тоа што го имате.rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?rn

Едноставно направете го првиот чекор

rn
rn

„Не мора да ги гледате сите скалила за да го направите првиот чекор.“ – Мартин Лутер

rnЦелите понекогаш изгледаат невозможни, но не се секогаш такви. Направете план за тоа што сакате да се случи во иднина и вратете се во сегашноста за да го направите првиот чекор, па така од состојбата во која сте склони кон одложување заради тешкотија, ќе преминете во фазата на извршување на задачата. Се разбира, целта наскоро ќе изгледа полесно достижна и ќе се исполните со ентузијазам.rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?rn

Не преувеличувајте ја задачата

rn
rn

„Ако сакаш некоја лесна задача да ја направиш тешка, одложи ја.“ – Олин Милер

rnЛесната задача по ирационалното одложување се претвора во голем проблем. Во ситуација кога се ближи испитна сесија, а вие гледате телевизија или слушате музика наместо да учите, нема да се спасите од маката која допрва следува. Обврските само ќе се натрупаат, а порано или подоцна ќе мора да се завршат.rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?rn

Завршете ја задачата

rn
rn

„Ништо не е толку заморувачко како вечното занимавање со недовршена задача.“ – Вилијам Џејмс

rnАко воопшто не започнете со исполнување на целите ќе си ја намалите самодовербата. Ако, пак, започнете нешто и не го довршите, повторно ќе доживеете неуспех којшто ќе создаде услови за да се соочите со истиот овој проблем во иднина.rnrnКако да престанете да ги одложувате обврските?
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.