Никогаш не можете да бидете сосема сигурни во врската, но постојат некои показатели што укажуваат дека вашиот партнер не е премногу заинтересиран. Можеби тој припаѓа на групата луѓе кои немаат проблем да ја прекинат врската откако ќе се појави некоја подобра. За да не бидете жртва на таков однос, погледнете кои се предупредувачките знаци за таквиот површен однос.rnrn
rn
1. Не разговарате за конкретни чекори за иднината
rnАко вашите заеднички планови за иднината се секогаш многу површни или воопшто не постојат, време е да се запрашате во која насока се движи вашата врска. Незаинтересираноста на партнерот за заедничко вложување во иднината може да укажува на рамнодушност кон самата врска.rn
2. Се појавуваат инстинктивни сомнежи
rnИако инстинктите ви испраќаат сигнали што најчесто се спротивни на она во што сакате да верувате, експертите предупредуваат дека е многу важно да ги земете предвид. Емоциите може да ве заслепат и да ве одведат во погрешна насока, додека инстинктите се верни показатели на нештата на коишто треба да обрнете внимание за ваше добро.rn
3. Не се труди да ве внесе во својот живот
rnАко партнерот не покажува премногу интерес да ве внесе со својот живот, тој веројатно не е премногу заинтересиран за вас. Моментот кога треба да се загрижите е неговото одбивање да ве запознае со пријателите и со семејството.rn
4. Не постоите на неговите социјални мрежи
rnПријателите на социјалните мрежи знаат сè за неговите омилени филмови, спортски клубови или музика, но не знаат ништо за личноста што му го украла срцето. Ако нема ниту една фотографија со вас, ова може да биде знак дека неговото срце и не е баш украдено.rn
5. Веднаш ви дава до знаење дека не сака сериозна врска
rnПонекогаш не треба да читате меѓу редови за да разберете колку му значите на вашиот партнер. Сериозниот партнер кој може да се занесе во чувствата нема да ви каже на почетокот на врската дека не се гледа со вас во иднина.rn
6. Нема длабоки разговори помеѓу вас
rnРазговорите што секогаш остануваат на површно ниво и немаат значителен ефект врз развојот на вашата врска се прилично јасни знаци дека партнерот се воздржува, можеби за отворање кон некоја друга.rn
7. Тој е покрај вас само кога тоа му одговара
rnАко вашиот партнер смислува оправдувања за да не биде со вас кога ви е потребен, станува збор за човек кој не ги почитува вашите чувства. Ако ве поддржува само кога тоа му одговара, веројатно кон вас не чувствува толку силна љубов што е подготвен да ѝ ја даде на некоја друга.rnrnПогледнете кои знаци откриваат дека партнерот не е вклучен во вашата иднина.