Секогаш кога сте под стрес, одвојте неколку минути за да проанализирате што е тоа што ве тера да се чувствувате на тој начин. Доколку причината за вашиот стрес се одредени луѓе, тогаш најдобро е да ги одбегнувате, но знаеме дека за жал тоа не е секогаш возможно. Наместо тоа, обидете се да ги идентификувате луѓето кои ви предизвикуваат стрес и најдете начин да се заштитите од нивната негативна енергија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со совети за како најлесно да се справите со токсичните луѓе.rnrn
rn
1. Не дозволувајте психички да ве малтретираат
rnПрвиот чекор за да останете позитивни кога имате работа со ваков тип на луѓе е да не дозволите да паднете во нивната „замка“ и да станете жртва на нивните негативни емоции. Голема е веројатноста дека ќе се обидат да ви го расипат расположението само и само да го чувствувате истото што и тие го чувствуваат. Доколку се лутат или тагуваат, ќе се обидат да ве натераат и вие да го доживувате истото. Кога оваа личност е во ваше присуство, можете да слушате и да разговарате, но не дозволувајте да оди подалеку од тоа. Не дозволувајте да побуди негативни емоции во вас.rn
2. Сето тоа е привремено
rnВо моментот кога сте под стрес, тешко е да се сетите на помислата дека ова чувство нема вечно да трае. Доколку запомните дека можете да го пребродите ова и дека наскоро сè ќе заврши, може да ви помогне полесно да се справите со личноста.rn
3. Размислете како би се справиле со токсичните луѓе
rnСо оглед на вашите досегашни искуства со нив, можете однапред да го предвидите нивното однесување. Искористете го тоа за да направите своја стратегија за како ќе се справите со ситуацијата.rn
4. Сменете го начинот на кој ги восприемате нештата
rnАко можете да ја смените вашата перцепција, ќе останете позитивни без оглед што и да се случи. Продолжете да се фокусирате на оптимистичките мисли и не дозволувајте му на стресот целосно да завладее со вашиот ум.rn
5. Помислете на работите за кои сте благодарни
rnДоколку размислувате на нештата за кои сте вистински благодарни, ќе ви биде полесно да ја пребродите стресната ситуација. На тој начин нема да го насочите вниманието кон негативната енергија, а згора на тоа, ќе бидете посмирени и посигурни во себе.rn
6. Потсетете се самите себеси дека сте издржливи и дека можете да се справите со нив
rnАко се гледате себеси отпорни на таквите ситуации, подобро ќе управувате со стресот и негативноста. Запомнете дека можете со сè да се справите и дека секоја пречка е начин да стекнете доверба во себе.rn
7. Имајте ги на ум вашите цели и потреби
rnНеопходно е да знаете однапред што е тоа што ви е потребно и кои се вашите цели. фокусирањето на вашите желби и потреби може да ви помогне да дојдете до поентата пред работите да тргнат во непосакуван правец.rn
8. Контролирајте се себеси
rnСекогаш кога дозволувате некој друг да го контролира вашиот начин на размислување со тоа му давате моќ да управува со вас. Сепак, во секој момент можете да направите промена и да ја вратите контролата над себе. Кога ќе одлучите дека никој освен вас не може да ја контролира вашата реакција на некоја ситуација, полесно ќе се справите со неа.rnrnОткако прочитавте како да останете позитивни при справувањето со токсични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и 5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе.rnrnИзвор: powerofpositivity.com