Кожната јакна е дел од гардеробата за кој се исплати да одвоите пари, бидејќи сигурно ќе можете да ја носите во наредните неколку сезони. Но, за таа да изгледа секогаш како нова, важно е да ја одржувате на вистинскиот начин.rnrn
rnrnСекогаш можете да ја однесете кожната јакна на хемиско чистење кога ќе ви се извалка, доколку се плашите дека ако ја чистите сами ќе ја уништите. Сепак, со благ детергент за шарени алишта, можете одлично да ја исчистите и сами, за неколку минути.rnrn
Како да ја исчистите?
rn
- rn011
- Пребришете ја површината на јакната со влажна крпа.
- Потоа нежно пребришете ја со крпа на која сте нанеле мала количина течен детергент за шарени алишта.
- Сапуницата којашто ќе остане, отстранете ја со влажна, а потоа и со сува крпа.
- Темелно исушете ја со потполно сува крпа, која е препорачливо да биде памучна.
- Ставете ја јакната на закачалка и изнесете ја надвор да се проветри.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Како да ја одржувате кожата?
rnКожата е склона на напукнување, особено ако не се одржува правилно. Затоа, еднаш неделно намачкајте ја јакната со средство за нега на кожни предмети. На крпче, нанесете малку од средството и со него пребришете ја јакната. Доколку немате средство за одржување кожа, секогаш можете да се послужите со хидратантна крема која не е многу мрсна или бебешко млеко за тело.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
