7 грешки при изборот на куче

Сподели

Ако сте решиле вашата љубов кон кучињата да ја реализирате така што ќе купите или пак ќе вдомите куче–скитник, веројатно моментално ги поминувате среќните моменти исполнети со игра со вашиот нов пријател. Сепак, за сѐ да тече како што треба, обидете се да ги избегнете овие седум грешки, кои честопати се прават при изборот на куче.rn

Реклама

Видете го кучето пред да го купите

rnНемојте да го купите кучето пред да го видите лично. Ако сте решиле да го чувате во следните години, тогаш морате да знаете дали лае по цел ден, дали напаѓа други кучиња или луѓе и слични работи кои би биле клучни при вашиот избор. Секојдневната пракса вие само да ја изберете расата и возраста, а некој друг да ви донесе куче дома е ризична, исто како и купувањето на кучето преку интернет.rn

Какво куче ви треба?

rnКучињата кои секогаш сакаат да си играат се многу интересни за потенцијалните сопственици, но ако вие не сте премногу активна личност, брзо ќе ви помине меракот и ќе сакате да се вратите на други активности, за разлика од вашиот нов пријател кој ќе остане исфрустриран. Многумина кои водат физички активен живот, мислат дека им одговара некоја поенергична раса кучиња, но тоа ќе важи само ако вашите и активностите на кучето се поклопуваат. Ако играте фудбал или кошарка со пријателите, тука не можете да го вклучите и кучето. После спортувањето ќе се вратите дома уморни, а вашето куче нетрпеливо ќе ве чека да си играте уште три часа со него пред да се туширате. Доколку пак, сте тип кој не спортува многу, мрзливо куче може да ви го направи денот уште поздодевен.rn

На кучето не му одговара вашиот дом

rnНа големите кучиња им требаат големи домови. Не смеете ниту да помислите да чувате шарпланинец во стан од 50 квадрати. Ако пак, планирате наскоро да се преселите од мал стан во куќа со голем двор, најдобро е да почекате со купување куче кое било одгледано да трча по планини и да чува овци.rn

Кучињата се митарат

rnБез исклучок, сите кучиња го менуваат влакното, а тоа е уште еден проблем за кој може да зажалите при изборот на кучето. Некои кучиња испуштаат малку влакна, но од влакната кои им испаѓаат на некои други раси, може да се сплете и џемпер, па може да имате непријатни ситуации со хаосот настанат од нивното расфрлање насекаде по вашиот дом. При изборот на кучето мора превид да го имате времето кое сакате да го посветите на чистење по него и околу него.rn

Какво е вашето секојдневие?

rnАко најголемиот дел од денот не го поминувате дома, можеби би требало да го оставите купувањето куче за некои други времиња. Тоа е одговорност која не можете туку така да им ја оставите на другите членови на семејството, додека вие денот го минувате на работа или се забавувате со пријателите, додека на вашето куче му е неопходно друштво во текот на денот.rn

Мислите дека не мора да го дресирате

rnПогрешно е да мислите дека може да чувате недресирано куче без кога-тогаш да имате проблеми со него. Прекрасно е да приберете кај вас напуштено кученце, но имајте предвид дека таквите честопати биле гладни и малтретирани од страна на луѓето и ќе им треба време за да се навикнат на новите околности. Најдобро би било да земете веќе дресирано куче, или пак ако прибирате куче-скитник, да го однесете кај тренер.rn

Кучето нема засекогаш да биде мало и слатко

rnАко ве привлекува идејата да имате мало слатко кученце со кое сите ќе сакаат да си играат, а ќе биде само ваше и тоа е главната причина поради која решивте да го купите, тогаш сте на прагот да направите грешка. Малото самојатче е неодоливо, но за неколку месеци тоа се претвора во вистински џин кој бара храна колку едно дете, па кога ќе бирате какво куче ќе чувате, мора да го имате предвид и овој факт.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира