Како да изгледате посериозно и постаро на работното место со помош на облеката?

Сподели

Ако сте се запрашувале на кој начин на вашиот младолик изглед би му додале неколку години со цел да создадете посериозен изглед на работното место, ние пронајдовме решение за вас! Грета Монахан, автор на книгата „Стилот и успешната девојка“, ве советува како да изгледате професионално, но истовремено и беспрекорно во текот на работниот ден.

Реклама

rn

Доколку сакаме да постигнеме професионален изглед, каква облека би требало да имаме во гардероберот?

rnКлучот е во начинот на комбинирање на облеката и во што поедноставниот изглед. Блејзерот или струкираното сако комбинирајте го со кошула во занимлива боја, што ќе направи вашата дневна комбинација да дојде до израз.rn

Реклама

Постојат ли некои нијанси кои би требало да ги избегнуваме?

rnТемните бои се секако подобар избор од пастелните, односно најдобар избор на бои би биле: маслинесто зелена, бордо, тегет или боја на слива. Исто така, намалете ги светките на минимум.

rn

Дали таканареченото „коњско опавче“ е лоша идеја?

rnВо зависност од тоа на кој начин е стилизирано, опавчето може да направи да изгледате постаро или помладо. Опавчето на врвот од главата потсетува на незадолжително врзување на косата по тренингот, додека она опавче кое е врзано на страната или блиску да вратот дава впечаток на гламур и искуство.

Реклама

rn

Каква фризура е соодветна за деновите кои ги поминуваме во канцеларијата?

rnПостојат јасни причини зошто лобот е една од најпопуларните фризури. Оваа фризура прилега на секој облик на лице и додава години и отменост на помладите жени.rn

Постојат ли аксесоари кои можат да додадат неколку години на нашиот изглед?

rnГрета смета дека очилата се фантастичен детаљ кој со себе носи силна порака. Накитот е исто така многу моќен доколку сакате да додадете сериозност во одреден изглед, меѓутоа внимавајте да не претерате со тоа украсување.rn

Дали неутралната шминка е најдобриот избор за на работа?

rnДа, запомнете дека луѓето сакаат да ве видат вас, а не вашата шминка. Премногу драматичниот изглед во текот на денот е неприфатлив. Секој може да додаде малку боја на очите или усните, но никако на двете. Избегнувајте ги светликавите тонови, бидејќи токму тие прават да изгледате помладо.

Кои стилови би требало да ги избегнуваме?

rnПреголемото стилизирање и слепото следење на трендовите, може да изгледаат како детски потег, освен доколку вашето работно место се наоѓа во модната индустрија. Исто така, облеката без јасни контури покажува дека немате самодоверба и дека се обидувате да се сокриете зад облеката. Иако кодексот на облекување во вашата компанија пропагира опуштен, лежерен стил, секогаш добра идеја е да додадете некој елегантен детаљ.rn

Најново

Може ќе ве интересира