Како гарантирано да им се допаднете на луѓето со помош на ефектот Бенџамин Френклин?

Сподели

Сигурно безброј пати сте посакале да можевте да искористите магично стапче и другите веднаш да ве засакаат. Иако не постои формула за спријателување, сепак има неколку интересни трикови што ќе ви помогнат во тоа. Еден од овие трикови е ефектот Бенџамин Френклин.

Реклама

rn

Што претставува ефектот Бенџамин Френклин?

rnВо неговата позната автобиографија, Френклин има раскажано приказна од неговиот живот кога напишал писмо до еден негов политички ривал и го замолил да позајми негова ретка книга. Ривалот му дозволил, а Френклин му напишал и порака за заблагодарување кога му ја вратил.

Оттогаш, неговиот ривал му станал пријател, а пријателството траело до крајот на животот.rn

„Оној кој еднаш ви направил добро, ќе биде поподготвен да ви направи уште едно за разлика од оној кој самите сте го обврзале.“ – Бенџамин Френклин

rnСо други зборови, има поголеми шанси да ѝ се допаѓате на личноста доколку ви направила некаква услуга.

Иако звучи контрадикторно, благодарение на едно ново истражување, знаеме дека има вистина во мудроста на Бенџамин.

Во истражување од 2014-та година, испитаници од САД и Јапонија биле набљудувани додека работеле на разни проекти. Се открило дека на испитаниците повеќе им се допаѓале личностите кога им побарале помош. Слични резултати покажало и претходно истражување од 1969-та година.rn

Применување на ефектот

rnПа, како да го примените овој ефект во вашиот живот? Овие примери се едноставни, но навистина корисни во врските и во комуникацијата.rn

    rn 011

  • Замолете колега да ви позајми пенкало.
  • rn 011

  • Замолете ја личноста што ви се допаѓа да направи фотографија од вас и од вашиот пријател.
  • rn 011

  • Кога сакате да се поврзете со пријател со којшто сте се оддалечиле, замолете го да ви испрати некој негов рецепт што ви се допаѓал.
  • rn

rnОва се само неколку примери и постојат безброј други начини да го искористите ефектот. Па, кога сакате да се поврзете со некого, без разлика дали е странец или ривал, едноставно побарајте некаква услуга од него.

Дознајте и како да ги привлечете вистинските пријатели.

Најново

Може ќе ве интересира