Начинот на кој се облекуваме зборува за нас, а и кога од некоја причина тоа не е случај другите сè уште нè перципираат според начинот на облекување. Затоа сигурно ви е важно и како се облекуваат вашите блиски. Ако сметате дека тоа не го прават како што треба, следете ги овие неколку чекори за да им го соопштите тоа без да ги навредите и наместо тоа да ги поттикнете да го подобрат својот стил.rnrn
rn
Кажете им дека се грижите за нив
rnЗапочнете со јасно потенцирање дека се грижите за оној/онаа на кого се однесува вашиот совет. Тешко е да се изведе ова, но гледајте тоа да не изгледа како интервенција во нивниот стил затоа што тие не се разбираат во нешто. Иако тоа навистина е тоа, сепак не треба да изгледа така ако сакате да постигнете добар резултат.rn
Кажете им зошто не ви се допаѓа тоа што го носат
rnТреба да внимавате да кажете дека не ви се допаѓа она што го носат, а не тоа како изгледаат. Напоменете им дека она во што се облечени е тоа што прави да не изгледаат добро. Ако вашиот пријател носи кошула која му е два броја поголема, кажете му само дека таа кошула не му стои добро.rnrn
rn
Објаснете им дека изгледот сепак е важен
rnПрвото што луѓето го забележуваат на вас е вашиот изглед, меѓу другото и тоа како сте облечени. Објаснете им го тоа на пријателите на кои им недостасува стил. Кажете им дека тоа е една од причините поради која спротивниот пол не ги сфаќа сериозно, ако е тоа случај. Доколку има некој настан при кој тоа се покажало како точно, спомнете го и тоа.rn
Објаснете им што е проблемот со нивната облека
rnДали премногу открива или премногу покрива, дали е еден број поголема или е помала и премногу залепена за телото. Доколку сте стигнале до овој чекор веќе можете да си дозволите искрено да си го кажете мислењето.rnrn
rn
Прашајте ги зошто се облекуваат така
rnМожеби сепак има некоја причина поради која тој ја носи токму таа кошула. Проверете ги и тие околности. Но, повторно потенцирајте дека може и подобро да се носат.rn
Дајте им насока за промена
rnКажете им што би можеле да носат за да изгледаат поубаво. Инспирирајте ги. Ако сте им кажале дека имаат проблем, време е да им понудите и решение. Објаснете им зошто некое парче облека би било подобро за нив од некое друго.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.