КАФЕ ПАУЗА

Како да го одржите домот чист во текот на пролетта?

Како да го одржите домот чист во текот на пролетта?

Пролетта е речиси овде, а со неа често доаѓаат и нови проблеми. Веројатно веќе се прашувате како да ги задржите токсините и прашината надвор од вашиот дом. Иако не е лесно, постојат некои совети што ќе ви помогнат да го направите тоа.rnrnКако да го одржите домот чист во текот на пролетта?rn

1. Набавете растенија

rnРастенијата се природни прочистувачи на воздухот. Научниците дури откриле дека можат да ги апсорбираат и токсичните хемикалии од домот, како на пример пестицидите. Покрај тоа што ќе направат вашиот дом да изгледа убаво, растенијата ќе ви помогнат и да го освежите воздухот.rn

2. Чистете ги шепите на миленичињата

rnИако можеби вие не влегувате дома со обувки, вашите миленичиња не можат да го направат тоа. Кога влегуваат од надвор, тие со нив внесуваат сè што вие се обидувате да исчистите. За да го избегнете валкањето од нив, искористете некоја стара крпа што ќе ја чувате покрај влезната врата па секој пат кога миленичето ќе се врати од надвор, избришете му ги шепите. Ова ќе ви одземе многу малку време, но ќе направи огромна разлика.rn

3. Редовно мијте ги рацете

rnИако веројатно веќе го правите ова, важно е да ги научите и децата како правилно да ја одржуваат хигиената на рацете, особено откако ќе се вратат од надвор. Децата допираат речиси сè со нивните раце, па понекогаш се вистински „пренесители“ на бактерии.rn

4. Соблекувајте ги обувките

rnСо обувките можете да внесете многу повеќе од земја. Микробиологот доктор Чарлс Герб направил истражување и открил дека на ѓонот на чевлите се наоѓаат повеќе од 400.000 бактерии, а дури 3.000 се наоѓаат во самите чевли. Обувките навистина се повалкани и од тоалетната школка, па најдобро е да ги соблекувате пред да влезете во домот.rnrnДоколку се подготвувате за пролетно чистење на домот, овие совети сигурно ќе ви бидат од помош.