Овошјето што го купувате може да биде полно со бактерии, па затоа треба да го измиете добро пред да го јадете.rnrn
rnrnНајпрво, пред да го земете овошјето во вашите раце, измијте ги. Нема смисла да го измиете овошјето, ако повторно ги пренесете на него бактериите што се на вашите раце.rnrnПотоа следува миењето на овошјето. Нежно тријте го овошјето под млаз вода, а можете да користите и чист сунѓер на кој нема да нанесете детергент. Дури и излупените портокали треба да се мијат, бидејќи лесно можете да ја пренесете нечистотијата од лушпата на пулпата што ја јадете.rn
Мали плодови
rnЈагодите, малините, грозјето и другите мали плодови се најтешки за миење бидејќи се меки и не можеме убаво да ги истриеме со рацете.rnrnАлкохолниот оцет е одличен за убивање на сите штетни микроби на овошјето. Исто така, поради својот состав, сода бикарбоната е добро средство за извлекување на штетните токсини од овошјето, а тоа беше потврдено со новото истражување на Универзитетот во Масачусетс.rnrnНајпрво ставете го овошјето да стои 20 минути во оцет. Потоа, може да го исплакнете и да го ставите во раствор од сода бикарбона и вода најмалку половина час, а потоа да го исплакнете со чиста вода.rnrnПогледнете како да направите вкусен шејк од шумско овошје.