Како да бидете среќни дури и кога сте повредени?

Сподели

Колку и да звучи контрадикторно, понекогаш единствениот начин да се справиме со фактот дека сме повредени како и болката која ја чувствуваме е обидот да останеме среќни и покрај сето она што ни се случува. Прочитајте во продолжение на кој начин можете да останете среќни дури и кога ви се чини дека целиот свет е против вас.

Реклама

rn

1. Препознајте ја болката

rnОбидите преку кои ќе го одвлечете вашето внимание од болката нема да им стават крај на чувствата на болка и осаменост. Секогаш можете да ги измамите другите дека сè е во ред, но никогаш не можете да се измамите себеси. Затоа немојте да ја негирате вашата реалност дури и ако се чувствувате тажно и несреќно.rn

Реклама

2. Откријте ја причината за вашата несреќа

rnКолку помалку знаете за изворот на вашата несреќа толку потешко ќе ви биде да се справите со неа. Затоа, секогаш кога ќе наидете на некаква ситуација која е особено непријатна за вас, анализирајте го вашето тело. Одвојте време за себеси и за сопствените мисли. Набљудувајте ги вашите постапки и обидете се да сфатите зошто се однесувате на одреден начин во одредени ситуации.rn

3. Покажете емпатија кон себе

rnКако што се запознавате себеси во текот на животот така развивате посебен однос полн со разбирање и грижа кон себе. Овој начин на поврзување со себеси ви помага и да ја развиете емпатијата кон сопственото „јас“. Преку него можете вистински да ја почувствувате сопствената болка, но и да добиете желба да се ослободите од истата. Ова може да значи вложување напор за надминување на недоразбирањата со личноста која ве навредила. Тоа може да претставува и помирување со болката и прифаќање на несреќата, како на пример во случај на смрт на член од семејството или драг пријател.

Откако прочитавте како да останете среќни дури и кога се чувствувате тажно и несреќно, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни.

Реклама

Извор: themindsjournal.com

Најново

Може ќе ве интересира