„Бидете опкружени со луѓе кои ве прават среќни. Луѓе кои ве засмејуваат и ви помагаат кога имате потреба. Луѓе кои навистина се грижат. Тие се оние кои вреди да ги зачувате во животот. Сите останати се само на минување“. – Карл Маркс
rn
Луѓето со кои сме опкружени влијаат на нас и повеќе отколку што мислиме. Нивните сфаќања и ставови за животот, нивните размислувања и перспективи, нивното расположение и енергијата која ја пренесуваат, влијаат на нашата среќа, но и на нашата целокупна благосостојба. Луѓето околу нас може да нè мотивираат, да нè поттикнат да создадеме повеќе, да нè насочат кон вистинскиот пат, или да го направат токму спротивното. Затоа е многу важно како ги одбирате луѓето со кои сте опкружени.
rn

rnrn
„Пролетно чистење“
rnКога одвојувате време да го средите својот плакар, сфаќате дека дел од облеката која ја поседувате веќе не ве собира, не ви стои добро или излегла од мода. Како што не е логично да задржувате облека која веќе не е во употреба, не треба во вашиот живот да ги задржите ни оние личности во чие друштво не се чувствувате пријатно или кои на каков било начин ве онерасположуваат и покрај тоа што некогаш ви биле добро друштво. За да направите место во вашиот живот за позитивни личности кои ќе донесат промена кон подобро, треба да се ослободите од оние кои влијаат негативно на вас.rnrnВремињата се менуваат, сфаќањата на луѓето се менуваат, а и нашите потреби во животот не остануваат исти, затоа понекогаш е потребно да се тргнеме настрана од одредени личности. За пријателството, како и за многу други работи во животот, важи добро познатата вистина дека квалитетот е поважен од квантитетот. Не е битна бројката на блиски луѓе со кои сте речиси секојдневно опкружени, битен е квалитетот и нивното влијание врз вас.rn
Колку пати ви се случило да го задржите фустанот кој ви се смалил, мислејќи дека еден ден ќе ослабете и ќе го облечете повторно, но тоа не се случило? Не заборавајте, ако упорно се држите до старите алишта во кои веќе не се чувствувате удобно и самоуверено, ќе заборавите на оние кои придонесуваат да се чувствувате убаво и привлечно.
rn

rnrn
Креирајте филтер
rnОткако ќе се ослободите од негативните личности, време е да создадете еден замислен филтер. Какви биле сите оние луѓе од кои решивте да се ослободите? Дали правеле да се чувствувате дека не вредите доволно, дали штетно влијаеле на вашата самодоверба, дали влијаеле премногу депресивно на вас? Сега од искуство ќе знаете да ги детектирате таквите личности и да не им дозволите да влезат во вашиот круг на блиски личности.rnrnПовторно да се навратиме на метафората со плакарот. Веќе со години носите црвена боја за конечно да сфатите дека не ви стои добро. Од тоа искуство ќе знаете да одбегнувате црвени парчиња во иднина. Не мора да значи дека нешто не е во ред со црвената боја, едноставно вам не ви одговара.rn
Привлечете ги вистинските личности
rnЗа да привлечете околу себе позитивни луѓе кои позитивно ќе влијаат на вас, треба да бидете свои. Можеби е милион пати полесно да се рече отколку да се направи, но штом еднаш ја извежбате техниката, нема да бидете принудени постојано да се преправате дека сте нешто што не сте. Слушајте онаква музика каква што сакате, облекувајте се како што сакате, правете го она за што имате желба, кажете го она што навистина го мислите. Наскоро ќе забележите како луѓето кои се привлечени од вашата оригиналност се исто така свои и лесно ќе најдете заеднички јазик.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
