Доколку сакате да ја достигнете вашата идеална линија, а потоа и да ја одржите вашата тежина, треба да го смените животниот стил. Она што е неопходно за да стигнете до посакуваната цел е да ги избегнувате нездравите намирници, секојдневно да вежбате и доволно да спиете.rnrn
rnrnМногумина најголемата грешка ја прават обидувајќи се за кусо време да изгубат голем број килограми, па токму затоа ви ги претставуваме најголемите грешки кои се прават при слабеењето.rn
Изгладнување
rnОва е најчестата грешка, која многумина ја прават обидувајќи се да постигнат големи резултати. Со изгладнувањето настанува мачење на мускулното ткиво и на целото тело, што може да резултира со голем број промени на метаболизмот, а не е исклучена можноста и да покачите некое кило плус. Сите доктори и експерти често потсетуваат дека сите екстремни диети се лоши за здравјето и невозможно е да се издржат на долг рок.rn
Таблети, шејкови и многу други препарати за слабеење
rnКолку и да имаат привлечна и добра реклама, атрактивна продавачка која и самата ги „користи“ производите и одлични препораки и искуства од претходните корисници, за жал сѐ уште не постои магична таблета, шејк или прашок кој може да ви ги скрати маките со вишокот килограми. Токму затоа не фрлајте ги вашите пари џабе, а инвестирајте ги во здрава храна, справа за вежбање или личен тренер.rnrn
rn
Потење преку пасивност
rnДоколку пријателката ви раскажала дека ослабела 2 сантиметри во струкот со секојдневно одење во сауна, не летајте се веднаш и вие да пробате. Вештачкото потење во сауна или замотувањето со целофанска фолија, нема да ве ослободи од масните наслаги. Потењето е добар показател, но само доколку се работи за потење поради вежби, а не седејќи во сауна.rn
Еднолична исхрана
rnНајверојатно сите сте чуле за диета која препорачува внесување само на одредена храна во организмот. Токму затоа голем број од луѓето веруваат дека едноличната исхрана ќе им помогне во постигнувањето на идеалната тежина, но со тоа можете да го постигнете само спротивното. Последните истражувања покажале дека најдоследен начин за губење килограми и одржување на посакуваната тежина е комбинацијата од разновидна здрава храна и редовно вежбање. Доколку исклучите едно од овие нешта џабе си го трошите времето.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
