Јаткастите плодови често може да се најдат на листите со нездрави намирници, но тоа всушност важи кога се обработени, односно пржени, солени или чоколадирани, додека кога се необработени и сирови, тие се одлични за здравјето.rnЕдна студија објавена во „Американското списание за клиничка исхрана“ докажала дека внесувањето на јаткастите плодови во организмот не треба да се ограничува.rnrn
rnrnЛуѓето кои секојдневно конзумираат јаткасти плодови или ги конзумираат како замена за друга храна, губат повеќе килограми и имаат потенок струк. Иако не може да се зборува за значајно намалување на килограмите и обемот на струкот, резултатите покажуваат дека овие плодови не дебелеат и се одлични за здравиот крвоток.rn
Го намалуваат стресот
rnОревите се богати со алфа-линоленска киселина, па така го штитат срцето во периоди на голем стрес, кога тоа е посебно загрозено. Стресот обично доведува до пад на имунитетот, но ќе го одржите доколку јадете бадеми кои се богати со витамини Е, В и магнезиум.rn
Добри се за срцето
rnБадемите, лешниците, кикириките, бразилските, индиските и обичните ореви играат важна улога во намалување на ризикот од срцевите болести. Тоа е затоа што јаткастите плодови можат да го намалат лошиот холестерол. Освен тоа, нудат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, како и влакна кои го штитат срцето. Јаткастите плодови се и богати и со аргинин, аминокиселина која помага вените да останат опуштени.rn
Се борат против ракот на белите дробови
rnИсхраната богата со фстаци може донекаде да ве заштити од развој на рак на белите дробови. Според научниците, за ова најзаслужен е гама-токоферолот, тип витамин Е.rn
Го намалуваат лошиот холестерол
rnСтудија од 2010 година објавена во „Архивата за интерна медицина“ покажува дека со секојдневно внесување на една шолја јаткасти плодови, холестеролот LDL се намалува за 7,4%. Освен тоа, концентрацијата на триглицеридите опаѓа за повеќе од 10%.rn
Добри се против ракот на простатата
rnБразилските ореви се полни со селен и можат да помогнат во борбата против напреден рак на простата, покажала студија спроведена во Холандија. Мажите кои имале високо ниво на селен во крвта имале 60% помалку шанси за добивање напреден рак на простата 17 години подоцна.rn
За здравје на мозокот
rnПоради здравите количини на витаминот Е, јаткастите плодови се сметаат за храна за мозокот, односно го спречуваат когнитивното опаѓање кое обично настапува со годините. Особено се препорачува да се јадат кикирики бидејќи обилуваат со витамини од групата Б.rn
Го јакнат машкото репродуктивно здравје
rnДве раце ореви на ден го подобруваат квалитетот на спермата земајќи ја предвид виталноста, мобилноста и морфологијата, покажува една студија спроведена на УКЛА.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.