Циметот не е само ароматичен и здрав зачин, тој исто така е и сигурна алтернатива на сите комерцијални хемикалии за избелување на вашата коса. Тој не само што ќе ви помогне да ја осветлите вашата коса, туку и ќе ја направи посјајна, помека и свилена на допир, додека истовремено ќе предизвика и да ви мириса одлично.rnrn
rnrnКога станува збор за маска за коса составена од цимет, вие не само што ќе можете да ја постигнете посакуваната боја за коса, туку и ќе ги зајакнете фоликулите на влакната и ќе го забрзате нивниот раст. Ова се случува под влијание на фактот што циметот е богат со витамини и антиоксиданси. Најдобриот ефект се постигнува кај оние кои имаат светло кафеава коса, па со само еден третман можат да ја осветлат својата коса за 2 до 3 нијанси.rnrnБринетите треба да бидат малку потрпеливи и да ја повторат постапката неколку пати, но имајте на ум дека во ретки случаи, поради структурата и бојата на косата, може да не добиете никакви резултати. Но, нема што да изгубите доколку пробате.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 3 лажици мед
- 3 лажици цимет
- 5-6 лажици балсам за коса
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка и употреба:
rnКоличината на овие состојки е прилагодена за една употреба на долга коса. Доколку имате коса со средна должина (до рамена), преполовете ги состојките.rnrnВо еден сад измешајте ги медот и циметот. Мешајте полека, со цел добро да се соединат. Кога смесата добро ќе се комбинира, додајте го балсамот за коса и повторно добро измешајте.rnrnНајпрво добро измијте ја вашата коса, како и секогаш претходно, а потоа кога таа малку ќе се засуши исчешлајте ја со широк чешел и поделете ја на прамени. Нанесете ја смесата на косата со помош на четка за фарбање и внимавајте темелно да го поминете секој прамен. Доколку ви е попријатно, можете да ја нанесувате смесата и со раце, така што ќе ја триете во косата. Внимавајте да не нанесете од смесата на лицето бидејќи може да ви се појави благо црвенило или иритација. Исто така, немојте да нанесувате ни на скалпот.rnrnОткако ќе ја нанесете маската, подигнете ја косата и замотајте ја во мала пунџа. Ставете најлонска кеса на главата и замотајте ја со пешкир. Држете ја така 30-тина минути, а потоа тргнете го пешкирот и чувајте ја кесата уште 4 до 5 часа на вашата коса. Потоа темелно исперете ја со топла вода. Резултатот ќе ве изненади, вашата коса ќе биде посветла и до 3 нијанси.rnrnАко сакате уште повеќе да ја осветлите, повторете го овој третман неколку пати. Оваа маска особено ќе им одговара на оние кои имаат мрсна коса. Ако имате сува коса, во маската слободно додајте и 1 лажичка маслиново масло.rnrnПредупредување: За време на третманот, нормално е да чувствувате благо пецкање, додека пак маската има ефект само на природна коса, а не на фарбана.