Шеесеттите години на минатиот век засекогаш ќе останат запаметени во светот на модата. Погледнете како може да го доловите тој ретро гламур, преку следните неколку лесни чекори.rn
Црн туш за очи
rn
rnrnНе може да се зборува за шеесеттите, без да се спомне тушот за очи. Погледнете ги фотографиите на Одри Хепберн и Брижит Бардо, и веднаш ќе го разберете тоа. Најдобро е да користите црн туш за очи и да го нанесувате во дебели линии.rn
Бледи усни
rn
rnrnПопуларни во шминката од шеесеттите се и бледите усни, што пак совршено се совпаѓа со силно истакнатите очи. Изгледот е суптилен, заводлив и гламурозен. Она што треба да го направите е да нанесете пудра или коректор на усните, пред да ставите кармин или сјај во бледа нијанса.rn
Тапирана коса
rn
rnrnУште еден хит во шеесеттите. За да постигнете таков изглед, тапирањето е неизбежно. Косата можете малку да ја истапирате, да ја исчешлате наназад, а од рамениците надолу да направите големи, брановидни локни. Или пак, истапирајте ја, па врзете ја во опавче. Ако ви требаат повеќе идеи, најдобро е да побарате туторијали на интернет.rn
Патец на средина
rn
rnrnОва е најлесниот начин да се долови изгледот од шеесеттите. Единствено што треба да направите е да ја поделите косата на средина и да ја исфенирате. Ако пак сакате нешто поинтересно, врзете ја во две опавчиња или две плетенки.rn
Мини здолниште
rn
rnrnНајголемото модно наследство од овој период е секако мини здолништето. Постојат безброј модели на мини здолништа, а она што е важно е да го изберете оној модел, кој најмногу одговара на вашата фигура.rn
Смели шарени ткаенини
rn
rnrnТипични за шеесеттите се светлите, смели, шарени ткаенини. Бидете смели и додадете едно такво парче облека во вашиот плакар.rn
Впечатлив капут
rn
rnrnСтрукираниот капут, исто така е дел од гламурот на оваа модна декада. Ги има во најразлични бои, шари и тонови, а најдобро е да го изберете оној во кој вие изгледате највпечатливо и се чувствувате најсамоуверено.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.