Сте размислиле ли некогаш зошто сте го одбрале токму тој факултет? Дали некој ве насочил на таа страна или пак, сте почувствувале нешто во себе што ве натерало да тргнете по тој пат? Можеби сте запишале одреден факултет под притисок, но сепак копнеете да одите на друг? Без разлика дали во моментов студирате, веќе сте дипломирале или пак, имате желба да запишете одредени студии, вашиот избор може многу да каже за начинот на кој љубите. Погледнете…
rn
Македонски јазик
rnВие сте емоционална личност што чувствува многу. Обожавате да го преплавувате вашиот партнер со љубов и внимание, но исто така се надевате и дека тој ќе ви врати со иста мера. Вие се радувате кога правите другите да се чувствуваат посебно, па затоа и се трудите да им угодите најмногу што можете. Безнадежниот романтичар во вас тежнее за љубовна врска која изгледа исто толку добро како што звучат зборовите на познатите македонски писатели.rn
Бизнис
rnВие уживате во малите нешта во врската, во ситниците што другите девојки најчесто не ги ни забележуваат. Вие сте едноставна личност и ги цените дури и најмалите знаци на внимание од партнерот. Вам не ви се потребни ружи и романтични вечери, доволно ви е да ја поминете ноќта во прегратките на партнерот, гледајќи серии или филмови. За вас едноставноста е совршенство.rn
Филозофија
rnВие длабоко ги чувствувате емоции и имате значајни разговори со вашиот партнер. Имате доверба во него, па можете да му ги откриете дури и вашите најголеми тајни. Вие „оживувате“ за време на заедничките искуства. Не се грижите дали вашиот партнер ве споредува со другите, затоа што ги цените своите карактеристики и знаете дека токму тие ве прават уникатни и незаменливи.rn
Инженерство
rnВие сте одговорна личност на која луѓето можат да ѝ веруваат, особено кога станува збор за љубовните врски. Секогаш сте на време за состаноците и вашиот партнер знае дека може да смета на вас. Вие верувате во искрен разговор и понекогаш кога нешто не е во ред, партнерот веднаш ќе знае. Не се плашите да ги изразите своите грижи – вие сте самоуверени и го покажувате тоа во секој аспект од врската.rn
Уметност
rnВие ја полните вашата врска со страст и никогаш не се срамите да го покажете тоа што го чувствувате. Вашиот партнер ви го обожава ентузијазмот и ги гледа вашите емоции како нешто многу добро и позитивно. Вие никогаш не сметате дека претерано реагирате – тоа е едноставно вашиот карактер.rn
Биологија
rnВие сте една од оние девојки кои не веруваат во сите слатки зборови што партнерот ќе ви ги шепне во уво. За вас се поважни негови дела, отколку зборови, па доколку тој ви каже дека ве сака нема да му верувате сè додека не го покаже тоа и на дело.rn
Комуникации
rnВие сте полни со енергија и секогаш успевате да го насмеете вашиот партнер. Вие сте оној тип девојка што обожава да се забавува, па затоа сакате и вашиот партнер да си поминува убаво. Едноставно не постои здодевен момент кога сте заедно.rn
Медицина
rnВие сте една од најгрижливите личности што вашиот партнер некогаш ги запознал. Секогаш сте тука за него и кога и да се чувствува лошо, знаете точно што да кажете со цел да го расположите. Вие сте постојан систем за поддршка и токму затоа тој ве обожава.rn
Психологија
rnВие знаете точно што размислува вашиот партнер, во секој момент. Екстремно сте интуитивни и можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Доколку се појави проблем во вашата врска, вие ќе најдете начин како да го решите – најчесто со помош на зборови.rn
Компјутерски науки
rnВашата интелигенција постојано го изненадува вашиот партнер. Вие сте досетливи и брзи, па тој знае дека не може да си игра со вас. Често се случува да им помагате на неговите родители да ги поправат своите мобилни телефони кои воопшто не знаат да ги користат, но тоа ни најмалку не ви пречи.rn
Сметководство
rnВие сте логична и чувствителна личност. Останувате во врска само ако навистина сакате да бидете во неа, а ако сте несреќни ќе направите сè што е во ваша моќ да го смените тоа. Вие сте исклучително независна девојка и токму затоа вашиот партнер ве цени.rn
Политички науки
rnВие сте оној топ девојка со која сите се плашат да дебатираат. Имате тенденција постојано да победувате, но дури и тоа да не се случи, ќе го завршите разговорот со изјавата: „Да се согласиме дека не се согласуваме“. Одвреме-навреме го терате партнерот да гледа вести, дури и кога тој не сака, и секогаш внимавате да е во тек со најновите случувања во светот на политиката.rn
Странски јазици
rnВие носите егзотична енергија во вашата врска. Обожавате да пробувате нови работи и секогаш сте биле способни да го убедите партнерот да трга на непознати авантури заедно со вас. Вашиот сексуален живот е неверојатен и правите сè што е во ваша моќ тоа да остане така.


