Карминот e можеби наједноставната и најевтината шминка која ќе ве направи поатрактивни и која ќе ги освежи вашето лице и изглед. За момент можете да се трансформирате во убавица без многу труд и потрошено време. Доколку брзате за на состанок или доцните за на работа и немате време да се нашминкате, доволно е да ставите само кармин и ќе изгледате занесно и одморено.rnrnСепак, секоја боја на кармин не ѝ прилега на секоја жена! А тоа сигурно сте го забележале и на ваша кожа. Начинот на кој ќе го одберете карминот според бојата на вашата коса во голема мера ќе одреди дали ќе изгледате складно или не.rnrn
rnrnДоколку сте платинеста русокоса најдобро е да изберете нежна и блага шминка во природни нијанси, а на усните да нанесете јак црвен кармин. Светлата коса и јакиот кармин се совршен контраст, а како русокоса ќе делувате неодоливо секси со боја која им дава исполнетост на вашите усни. Дури и карминот во портокалова боја се препорачува за девојките со светла боја на коса.rnrn
rnrnЗа девојките и жените кои имаат темно руса коса, совршен избор би бил карминот во розова боја. Јаката розова боја не е препорачлива за сите русокоси. Најдобро им стои на оние жени кои имаат природно руса нијанса на коса. Платинестите русокоси би требало да ја избегнуваат оваа нијанса.rnrn
rnrnАко имате светло кафеава коса на вашите усни може да ставите скоро сè. Од црвен и розов кармин, па сè до најнеобичните нијанси на сина, зелена, портокалова и боја на црвено вино. rnrn
rnrnДоколку имате темна боја на коса, избегнувајте ги посветлите нијанси. Најдобро е да користите мат кармини во крем нијанси, а за вечерни излегувања изберете кармин во боја на црвено вино. rnrn
rnrnЦрната боја на коса исто така поддржува потемна шминка и кармини во потемни нијанси. Светлиот кармин, како и сенките за очи, може да направат да изгледате нескладно и вашето лице да изгледа претерано светло и бледо во однос на бојата на вашата коса. На усните нанесете кармин во боја на црвено вино, виолетови или темно црвени нијанси.rnrn
rnrnЦрвената и огнената боја на коса се одлични за експериментирање и се препорачува да користите кармини во кафеава боја и боја на лешник. Избегнувајте ги црвените и розовите нијанси на кармин. Кармините во сите останати бои може без проблем да ги користите.rnrn
Изберете идеална боја на кармин според бојата на вашата коса
