КАФЕ ПАУЗА

Сите ние сме совршено несовршени

Сите ние сме совршено несовршени

Written by

in

,

Пауло Коелјо знае да пронајде зборови со кои ја допира сржта на проблемите и ги кажува на начин едноставен за разбирање. Еве што тој мисли за опседнатоста со идеалите за убавина.rnrnСите ние сме совршено несовршениrnrnУбавината не лежи во тоа сите да сме исти, туку во различноста.rnrnМожете ли да замислите жирафа без долг врат или кактус без боцки?rnrnВрвовите на планините кои нè опкружуваат не се исти меѓу себе и затоа оставаат толку моќен впечаток. Ако беа сите исти, сигурно немаше да го привлекуваат нашето внимание.rnrnТоа што нè воодушевува и нè привлекува е несовршеноста.rnrnКога гледаме во кедрово дрво, не мислиме: „Сите гранки треба да бидат исти“. Наместо тоа, велиме: „Колку силно изгледа ова дрво“.rnrnКога ќе видиме змија, не си велиме: „Таа лази по земјата додека јас одам со високо исправена глава“. Наместо тоа си мислиме: „Можеби е мала, но нејзината кожа е толку разнобојна, нејзините движења се елегантни и е многу помоќна од мене.“rnrnКога камилата ќе ја помине целата пустина и ќе нè однесе онаму каде што сме тргнале, не кажуваме: „Грбава е и има грди заби“.rnrnНаместо тоа си помислуваме: „Таа ја заслужува мојата љубов поради нејзината лојалност и помош што ми ја дава. Без неа не ќе можев да го истражувам светот“.rnrnЗајдисонцето секогаш е поубаво кога е покриено со неправилно формирани облачиња, затоа што само тогаш може да се рефлектираат сите убави бои од кои се создадени соништата и поезијата.rnrnЖалете ги оние кои велат: „Не сум убав/а. Затоа љубовта не тропа на мојата врата“.rnrnВистината е дека љубовта чукнала, но кога ја отвориле вратата тие не биле подготвени да ѝ посакаат добредојде.rnrnТие биле презафатени обидувајќи се прво да се разубават, кога, всушност, биле убави такви какви што се.rnrnСе обидувале да имитираат некој друг, додека љубовта барала оригинал.rnrnТие се обидувале да ја рефлектираат надворешноста, заборавајќи дека најголемата светлина доаѓа однатре.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.