Иако пудрата ги прекрива сите недостатоци на кожата, во текот на летниот период нејзината употреба би требало да се сведе на минимум. Сигурно не би сакале целата шминка да ви се истопи од топлото летно сонце. Без разлика дали станува збор за додавање на уште еден чекор кон вашата утринска рутина или за генијален продукт, овие трикови ќе ви помогнат да го добиете тенот за кој отсекогаш сте сонувале.rnrn
rn
1. Ексфолијација
rnРапавата и сува кожа честопати се собира на видливи места, па дури иако користите квалитетна пудра. И таа е најголем причинител за нееднаков тен. За да го спречите појавувањето на црвенило и за да ја одржите мазната текстура на кожата, ексфолирајте ја еднаш неделно. Забрзајте го процесот со ексфолијаторен сунѓер или крпа, во зависност од нежноста на кожата.rn
2. Навлажнување
rnКожата честопати може да се иритира од сонцето. Затоа постојано навлажнувајте ја со разни кремови. Во зависност од количината масло што ја произведувате, ставајте крема за навлажнување на кожата два пати дневно – навечер и наутро. Исто така користете продукти кои содржат масла од чајно дрво или алое вера за да го смирите црвенилото. Ако вашата кожа е добро хидратизирана, тогаш се спречува појавата на слободните радикали на површината, кои инаку навлегуваат длабоко во кожата и ја уништуваат работата на клетките.rn
3. Ладење
rnКористете спреј за лице богат со алое, ставете ладна крпа (по можност од муслин) врз целото лице или маска која го лади лицето. Вака ќе спречите создавање на црвенило и кожата ќе добие свеж изглед. Спрејовите за лице и маските треба да бидат направени од супстанции кои спречуваат црвенило, делуваат на инфламации и ѝ даваат природен изглед на кожата. Ако ви црвенеат образите, а морате да нанесете шминка, пробајте со ваквиот чекор за да добиете што е можно поеднаков тен.rnrn
rn
4. Подлога за шминка
rnНе плашете се од трендовите во убавината. Подлогата за шминка моментално ги доживува своите пет минути слава. Има и причина зошто. Таа служи за покривање на видливите пори како тие на носот и брадата. Подлогите за шминка создаваат изглед на платно на кое се прекриени апсолутно сите линии, лузни, несовршености и пори. Бидејќи овој продукт стана многу популарен, тој доби и понапредна верзија која вклучува заштитен фактор и навлажнувач.rn
5. Обоен навлажнувач
rnИако има големи сличности со пудрата, сепак неговата формула е многу полесна и поприфатлива во текот на летните месеци. На кожата ѝ дава совршен финиш, но без чувството на затнати пори. Може, но и не мора да содржи заштитен фактор, а може да се најде секаде, од познатите парфимерии, до аптеките и дрогериите.rn
6. Коректор
rnИако неговата цел е насочена кон кожата околу очите каде што се наоѓаат тие ужасни темни кругови, сепак коректорот може да има и поширока примена. Само многу е важно да ја погодите нијансата која одговара на вашата кожа. Кога таа е несоодветна, а вашето лице ќе дојде во контакт со рефлектор или друг вид вештачка светлина, неговиот ефект ќе спротивен – дамката која отскокнува од тенот на останатиот дел на кожата ќе дојде до израз. Исто така важно е да знаете каков вид коректор користите уште пред да го нанесете. На пример, на коректорот за целосно покривање му е потребно подолго време за да се изедначи со кожата. Затоа морате да одвоите малку повеќе време за негово нанесување.rn
7. ББ и ЦЦ креми
rnПосветли и полесни од пудрите, честопати збогатени со витамини, заштитен фактор и што уште не, овие чуда веднаш станаа миленици на жените. Бидејќи имаат многу лесна текстура и одлично се комбинираат со сите шминкерски рутини, тие се сон на секоја девојка.rnrn