Имате премногу влакна? 3 знаци дека мора итно да го посетите вашиот доктор

Сподели

Влакната имаат заштитна функција и се составен дел од телото на сите луѓе . Тие го штитат организмот од бактерии и други непријатни честички да не поминат низ кожата, а исто така и ја топлат. И покрај тоа што количината влакна на телото можат да бидат предодредени од гените или националната припадност, сепак во одредени ситуации можат и да се симптом за одредени медицински состојби. Еве на што би требало да внимавате…

Реклама

rn

1. Хормонална нерамнотежа

rnЗголемениот број влакна на телото кај жените не само што е естетски проблем, туку истовремено може да биде и знак за хормонална нерамнотежа. Зголеменото растење на влакната на оние делови од телото каде што мажите типично ги имаат, како брадата, грбот, градите и долниот дел од стомакот, може да укажува на зголемено лачење на машките хормони која води до болеста хирзутизам.rn

2. Проблеми со јајниците

rnДоколку во вашиот организам има вишок андрогени хормони, проследени со нередовен циклус, тогаш проблемот може да се крие во јајниците. Постои синдром наречен полицистични јајници, од кој страдаат дури 10% од жените. Симптомите вклучуваат прекумерна тежина, проблеми со акни и влакненца на лицето, градите, стомакот, грбот и прстите на рацете и нозете.rn

3. Лоши навики

rnПретераното растење на влакната кај жените може да биде и последица од неуреден живот, лоша исхрана, како и пречесто консумирање одредени лекови кои можат да влијаат врз хормоналната рамнотежа. Доколку сакате на природен начин да се обидете да ги вратите вашите хормони во ред, треба да ја намалите вашата тежина, да почнете редовно да вежбате и да јадете исхрана богата со хранливи влакна.

Популарно

Може ќе ве интересира