rn
5. Фризура во форма на машна
rnЗа дамите кои сакаат да ги импресионираат момчињата на првиот состанок, покажувајќи колку женствено и слатко може да изгледаат, ова е несомнено најдобрата идеја. За да ја подготвите оваа фризура ќе ви бидат потребни десетина минути, а треба да бидете малку прецизни, но секако вреди да одвоите време. Откако ќе научите како да ја направите, ќе посакате да ја носите цело време. Одберете ја и соодветната облека, ставете малку шминка и бидете подготвени за многуте погледи кои ќе ги привлечете!
rn
6. Ретро бранови
rnПоканети сте на состанок со ваш познаник кој сака да ве однесе на некои прекрасни места? Ретро брановите се одлични за вас. Во зависност од должината и густината на косата, за нивната подготовка ќе ви бидат потребни од 10 до 20 минути, но во комбинација со малку шминка и црвени усни, вие ќе бидете неодоливи.
rn
7. Лабаво врзано опавче
rnОваа фризура ќе ви одговара доколку вашиот прв состанок е во парк или пак, едноставно сте се одлучиле за романтична прошетка. Овој изглед ќе го постигнете лесно за околу 15-тина минути, а доколку направите и бранови тогаш ќе изгледате многу женствено и привлечно.
rn
8. Плетенка со цветови во вид на круна
rnНе постои ништо поженствено од цвеќето, па, зошто да не го искористите и во подготвувањето на фризура за вашиот прв состанок? Оваа плетенка изгледа тешко, но со малку посветено време и вежбање, вие ќе станете експерти за нејзино подготвување. Комбинирајте со вашиот омилен фустан или здолниште и ќе постигнете женствен изглед кој нема да ги остави рамнодушни припадниците на посилниот пол.
Па, сега барем можете да отфрлите една од вашите „маки“ кои ги имате пред првиот состанок, а за тој да ви биде успешен, дополнително погледнете ги и овие совети кои ќе ви бидат од огромна помош!


