Празниците се приближуваат, па многумина размислуваат што да им подарат на своите најблиски. Оние кои се во љубовна врска се борат со одлуката што би било најдобро да му подарат на својот партнер. Но, соодветен подарок може да изберете во зависност од тоа во која фаза од врската се наоѓате и колку вашите односи се сериозни. Погледнете го овој водич кој ќе ви помогне да го изберете идеалниот подарок за вас.rnrn
rn
Заедно сте 2 или повеќе години
rnСитуација: Долга врскаrnrnПодарок за неа: ОбеткиrnrnОбетките се одличен подарок и ги користи речиси секоја девојка, па со нив нема да погрешите ако сте во сериозна и долга врска. Ова е романтичен и модерен додаток што ќе ја направи среќна вашата понежна половина.rnrnПодарок за него: Модерен часовникrnrnСекој маж треба да има барем еден часовник во својата колекција модни додатоци. Постои голем избор на модерни и практични часовници, а за да бидете уникатни оваа година, можете под него да изгравирате некоја омилена порака или пак вашите иницијали што ќе ви ја симболизираат љубовта.rnrn
rn
Заедно сте од 1 до 2 години
rnСитуација: Сериозна врскаrnrnПодарок за неа: Ѓердан или гравирана нараквицаrnrnНе постои жена што не ги сака ѓерданите, па така, со овој избор нема да погрешите. Можете да изберете златен, сребрен или пак, бижутерија. Исто така добар избор е и нараквицата. Доколку не сте обожаватели на шопингот, секогаш имате опција да нарачате онлајн, а можете да се советувате и со некоја нејзина пријателка, за да бидете целосно сигурни дека ќе го направите вистинскиот избор. За дополнително да ја изненадите, изгравирајте некоја кратка и симпатична порака на ѓерданот или пак на нараквицата.rnrnПодарок за него: ПриврзокrnrnПодарете му уникатен приврзок кој секогаш ќе го носи со себе на своите клучеви. Можете да направите еден со ваша заедничка слика или пак да изгравирате некоја посебна порака која е значајна за вас двајцата. Исто така можете да го напишете и датумот на кој вие двајца сте ја започнале вашата врска или пак, вашите иницијали. Ова е одличен знак на внимание кој ќе ја искаже вашата љубов.rnrn
rn
Заедно сте од 6 месеци до 1 година
rnСитуација: Подготвени сте да се посветите еден на другrnrnПодарок за неа: Едноставен накитrnrnНакитот е добар подарок со кој ќе ѝ покажете на вашата партнерка дека внимавате на неа. Во оваа фаза сигурно тукушто сте ги изговориле зборовите „Те сакам“ или пак во овој период ќе ги кажете за прв пат. Најдобар празничен подарок и во оваа фаза е накитот, но сепак, поедноставен. Не треба да купувате дијаманти или злато, туку малите и нежни обетки, ѓердан или нараквица, би одговарале совршено на вашата ситуација.rnrnПодарок за него: Еден викенд поминат со васrnrnКога почнувате да бидете сериозни, најдоброто нешто што можете да го направите за вас двајцата е да поминете еден викенд заедно, за подобро да се запознаете еден со друг. Испланирајте го вашето празнично викенд патување и уживајте во заедничките моменти.rnrn
rn
Заедно сте од 3 до 6 месеци
rnСитуација: Нов парrnrnПодарок за неа: Букет цвеќе или шише виноrnrnВо оваа фаза не треба да претерате со подароците, треба да бидете романтични, но во умерена доза. Букет цвеќе или пак шише вино е добар подарок со кој ќе го искажете вашето внимание во оваа фаза од врската.rnrnПодарок за него: Уплатете масажа за негоrnrnДенес, речиси секој работи напорно и одвреме-навреме секому му е потребна масажа за релаксација. Затоа, наместо да го масирате вие, подарете му стручен третман. Со ова ќе покажете дека не сакате да ги брзате работите во вашата врска, но дека сепак внимавате на него.rnrn
rn
Заедно сте 2 месеци или помалку
rnСитуација: Сѐ уште не знаете на што стеrnrnПодарок за неа: Не треба подарок, туку може да испланирате некоја заедничка забавна активностrnrnПодарок за него: Истото важи и за негоrnrnАко сте заедно помалку од два месеци, подарокот сѐ уште не е погоден за вас, но тоа не значи дека не можете да направите ништо еден за друг. Испланирајте некоја заедничка забавна, празнична активност и тоа ќе ви биде повеќе од доволно.rnrn