„Зачадените очи“ се драматичен, ефектен и заводлив мејкап, што ги прави одличен избор за дочек на Нова година. Празниците дозволуваат да експериментирате, па нема потреба да се плашите да го испробате овој изглед.rnrn
rnrnЗа да го постигнете овој сребрен ефект на зачадени очи, на капаците најпрво нанесете малку коректор за сенката да трае подолго. Потоа нанесете сребрена сенка по должината на целиот капак, а бела на внатрешните агли за да го „отворите“ погледот.rnrnНа надворешниот раб на горниот капак и на работ на долниот капак нанесете црна сенка. Продолжете ја до долниот раб на веѓите и потоа со прст нежно натапкајте ја за да направите прелевање во повеќе нијанси.rnrnСледен чекор е моливчето кое се нанесува на внатрешниот раб на окото. Потоа следи нанесувањето на маскарата и вештачките трепки и на крај завршниот потег со сенка. Погледнете го целосното видео и пробајте го овој изглед.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.