КАФЕ ПАУЗА

Виенско топло чоколадо

Виенско топло чоколадо

Нема некој што не ужива во чоколадото. А ова чоколадо е за уште поголемо уживање – топло чоколадо. Толку едноставно и вкусно. Почестете ги пријателите со вакво, домашно топло чоколадо со виенски шмек.rnВиенско топло чоколадоrnrnПотребно за 4-ца:rn

    rn011

  • 125 г чоколадо со 70% какао маса
  • rn011

  • 500 мл минерална вода
  • rn011

  • 50 г шеќер во прав
  • rn011

  • 25 г какао
  • rn

rnЗа шлаг:rn

    rn011

  • 150 мл хопла (може и шлаг)
  • rn011

  • една лажица шеќер во прав
  • rn011

  • какао за декорација
  • rn

rnПодготовка: Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сè. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот) со шеќерот. Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши. Од горе ставете од шлагот и попрскајте го какао.Виенско топло чоколадо