Болката во грлото е честа појава во зимските денови. Нејзиниот причинител е најчесто настинката, претераното напрегнување на гласот или сувиот воздух на кој сме изложени во текот на зимата поради греењето. Наместо модерни препарати и лекови, ние ќе ви претставиме неколку природни методи со кои можете на здрав и едноставен начин да ја отстраните таа несакана болка.rnrn
rn
1. Чај со чили пипер
rnВо ѓезве со вода додајте чај од лимон, чај од нане, исцеден сок од лимон, лажичка мед и малку лут црвен пипер во прав (на врвот од ножот). Сето тоа добро промешајте го и тргнете го од огнот пред да почне да врие. Испијте го додека е врело.rn
2. Бабин рецепт против болка во грлото
rnВо 250 мл вода додајте 2 лажички мед и добро загрејте (пазете да не зоврие). Тргнете ја од оган и во неа исцедете отприлика 2 лажички свеж лимон. За појак вкус можете да додадете и лажичка кафеав шеќер.rn
3. Млечна напивка со цимет
rnИзмешајте една лажица шеќер, 2 прстофати сода бикарбона и 1/2 лажичка цимет. Додајте 250 мл млеко и добро измешајте. Ова ставете го на тивок оган и мешајте. Тргнете го од огнот пред да зоврие млекото и додајте лажица мед. Пијте го додека е топло.rn
4. Чај од билки со ракија
rnИзмешајте зелен чај, камилица и чај од лимон и ќе добиете здрава напивка полна со антиоксиданси. Зачинете ја со лажица мед, сок од лимон, ѓумбир и малку ракија и ќе се чувствувате како да сте испиле природен аналгетик.rnrn
rn
5. Гаргара
rnНаправете физиолошки раствор од 250 мл вода и една мала лажичка сол. Мешавината ставете ја на оган и оставете ја да зоврие. Земете поголема голтка течност, подигнете ја главата и направете гаргара. Не ја голтајте течноста, туку по десетина секунди исплукајте ја.rnrnПовторувајте го ова најмалку 5 пати дневно додека симптомите на болка во грлото не исчезнат. Гаргарата со солена вода ќе ги намали симптомите на болно грло и ќе помогне во исфрлање на вирусот од организмот.rn
6. Инхалација
rnЗовријте 3 шолји топла вода и потопете вреќичка чај од лимон, камилица и малку свеж ѓумбир. Оставете 5 минути да се излади. Со раката проверете ја пареата да не е премногу топла и потоа ставете ја течноста во поголем сад за инхалирање. Земете чист пешкир и префрлете го преку глава. Наведнете се, покриени со пешкирот, над садот и вдишувајте ја пареата низ устата и носот 5-10 минути. Болката во грлото на овој начин ќе биде ублажена што ќе ви помогне полесно да заспиете.rn
7. Топли облоги
rnНаправете чај од суви цветови од камилица и додека сè уште е врел во него ставете чист пешкир. Кога чајот малку ќе се излади добро исцедете го пешкирот, замотајте го по должина и ставете го на вратот. Кога оваа облога ќе се излади, повторно згрејте го чајот и повторете ја постапката.