КАФЕ ПАУЗА

Генијален трик што ќе ви помогне да заштедите пари

Генијален трик што ќе ви помогне да заштедите пари

Written by

in

,

„Кога би престанал/а со трошење пари на глупости што не ми требаат, би можел/а да купам толку многу корисни работи!“ Ако некогаш сте го помислиле ова, тогаш сигурно ќе ви се допадне следниов трик за штедење пари. Станува збор за многу едноставен и ефикасен метод што ќе ве воодушеви. Прочитајте за што станува збор…rnrnГенијален трик што ќе ви помогне да заштедите париrn

Прво правило: Секоја вечер направете цифрата на сумата пари што ја имате да завршува на 0

rnМногу е едноставно: Цифрата на непотрошените пари треба да завршува на 0. На пример, сакате да ја сведете цифрата на една 0. Да речеме дека навечер кога сте си дошле дома сте имале 1.532 денари во кеш и 5.425 денари на сметка во банка.rnrnШто треба да направите? Одземете ја последната цифра од секоја бројка за да добиете 0 на крајот. Парите што ќе ги одземете, тргнете ги настрана и почнете да ги собирате.rnrnНа пример:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn1.532 денари – 2 денари = 1.530 денариrnrn5.425 денари – 5 денари = 5.420 денариrnrn[/message_box]rnrnНа овој начин ќе заштедите 7 денари таа вечер. Но, можете да ги сведете бројките на повеќе нули. На пример, на две:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn1.532 денари – 32 денари = 1.500 денариrnrn5.425 денари – 25 денари = 5.400 денариrnrn[/message_box]rnrnВака ќе заштедите 57 денари.rnrnГенијален трик што ќе ви помогне да заштедите париrn

Второ правило: Префрлете ги сите непотрошени пари на штедна книшка

rnПред да земете плата на крајот од месецот, зачувајте ги сите непотрошени пари. На пример, да речеме дека ви останале 600 денари во кеш и 2.000 денари во банка. Само префрлете ги на вашата штедна книшка.rn

Предности на овој метод:

rn1. Ќе знаете точно колку пари имате секое утро, и таа бројка секогаш ќе биде заокружена.rnrn2. Ќе почнете да го контролирате вашето трошење и ќе престанете со купување глупости.rnrn3. И што е најважно: Навистина ќе заштедите пари!rnrnНе можете да престанете со трошење пари? Прочитајте ги и овие 13 златни правила за полесно штедење.