Фобија од љубовни врски: 7 знаци дека тој се плаши да биде со вас

Сподели

Постојат два вида луѓе: Оние кои сакаат да се во врска и оние кои преферираат да имаат отворени можности. Иако понекогаш е очигледно да одредите во која од овие две категории спаѓа момчето со кое неодамна сте се запознале, понекогаш се случува и вашите емоции да ве спречуваат да го видите во вистинското светло. Па, доколку сакате да откриете дали тој се плаши од врски, обидете се да препознаете дали практикува некои од следниве однесувања…

Реклама

rn

1. Секојдневно ви испраќа измешани сигнали

rnПонекогаш му се допаѓате, друг пат изгледа како да не е свесен за вашето постоење. Можеби не сака да делува премногу возбудено кон вас или пак, да е многу зафатен, но исто така може и ви испраќа измешани сигнали кои ви укажуваат дека едноставно не е доволно заинтересиран. Најдобро би било доколку не го сфатите премногу лично, бидејќи по години поминати во состанување, тој сигурно научил како да ви покаже доволно интерес за да ве задржи покрај себе.rn

2. Сексот е неговата специјалност

rnТој знае точно што прави во креветот, бидејќи да бидеме реални, имал многу искуство досега. Повеќето од неговите врски се вртеле околу сексот, па токму затоа и знае како да го искористи за да ве контролира.rn

3. Тој преминува од топло во ладно побрзо од вашето утринско кафе

rnФакт е дека му се допаѓате, па затоа и одвреме-навреме, ненамерно, тој се однесува онака како што еден дечко би требало да се однесува. Но, потоа се потсетува дека сè уште не е спремен за сериозна врска и затоа решава да ве игнорира неколку дена со цел малку да се оддалечите од него.rn

4. Сите ваши љубовни состаноци се договорени во последна минута

rnДоколку се сети на вас во 10 часот, во петок навечер, тоа е само затоа што неговите подобри планови пропаднале. Не заборавајте дека девојката е личност со која момците заедно организираат авантури. Од друга страна, личноста со која тој не гледа иднина е онаа за која наоѓа време помеѓу неговите други (поважни) договори.rn

5. Повеќето од вашите љубовни состаноци се во неговата спална соба

rnТој треба да воведе многу труд и внимание за да ве однесе на вистински состанок, па затоа ве задржува на позната територија. Излегувањето во јавност е премногу мака за личност која не е подготвена за сериозна врска.rn

6. Сè уште не сте ги запознале неговите родители

rnВсушност не сте сигурни ни дали тие навистина постојат, бидејќи за вас се вон границите на дозволеното. Тој никогаш нема да ве повика на ручек кај неговите, ниту пак воопшто ќе ја спомне идејата за запознавање. Ова не се случува бидејќи тој се плаши тие да не ве засакаат премногу, туку затоа се плаши вие да не помислите дека тој сака повеќе одошто покажува.rn

7. Зборот „врска“ не се наоѓа во неговиот вокабулар

rnВоопшто не се трудете да прашате кон што води вашето гледање, бидејќи големи се шансите дека на тој начин ќе го избркате од себе. Доколку се прашувате зошто тој сè уште не го почнал овој разговор, тоа е затоа што го избегнува и не сака да премине на следното ниво.

Популарно

Може ќе ве интересира