КАФЕ ПАУЗА

Еве што се случува доколку не ги миете забите

Колку се чисти вашите бисерно бели заби?rnrnСпоред статистиката спроведена од две организации за орално здравје, повеќе од 30 проценти од Американците не ги мијат доволно своите заби (се мисли на времето), а дури 23 проценти од возрасните, два или повеќе дена воопшто не ги измиле забите во текот на минатата година.rnrn(0)-eve-shto-se-sluchuva-dokolku-ne-gi-miete-zabite-kafepauza.mkrnrnЗнаејќи го ова, се прашуваме: Што точно се случува ако не ги миеме забите?rnrn1 ден: По 24 часа, тенок слој од нечистотија се формира на надворешниот дел од забите. Веројатно ништо страшно не се случува во еден ден, но штетата на забите напредува релативно брзо, а лошиот здив веќе значително се чувствува после вториот ден.rnrn1 недела: После 7 дена немиење, слојот од нечистотија станува подебел и во овој момент веројатно веќе смрди. Исто така, помеѓу третиот и седмиот ден се забележува зачетокот на гингивитис, еден вид болест на непцата. Всушност непцата веќе се иритираат и крварат само на допир.rnrn1 месец: После 30 дена немиење на забите, бактериите што живеат во вашата уста почнуваат процес на кршење на забите. Не само што се забележува црвенило на непцата, туку и ако се конзумира храна со многу шеќер, значително се зголемува ризикот од гниење на забите.rnrnВо овој период се формираат бели дамки на забите. Додека овие бели дамки се појавуваат поради разни причини (исхрана, генетика или прекумерно внесување флуор), во овој случај тие индицираат на декалцификација на забната глеѓ, а тоа е првиот видлив знак за влошување на состојбата на забите.rnrn1 година: Додека поминат 365 дена без употреба на четка за заби и паста, плунката – посебно ако во исхраната се користи шеќер – дополнително придонесува кон распаѓањето на забите и формирање дупки во нив, покрај нечистотијата која секојдневно се таложи на надворешниот дел од забот. Непцата веќе се црвени и воспалени.rnrnНо, она што треба да се потенцира е дека штетата зависи од возраста. Човековото тело е дизајнирано да се штити себеси, па во ваков случај помалку последици ќе има помлад човек од повозрасен. Ако некој човек на 50 години не ги мие забите во текот на една година, посебно ако тој бил болен, тогаш неговите заби брзо ќе почнат да паѓаат.rnrn5 години: Уште еднаш, возраста има важна улога за тоа во каква состојба би биле вашите заби после 1.800 денови без миење. Млад човек вообичаено ќе помине без големи последици и ќе заврши со воспаление на непцата и по некој изгубен заб. Но, постар човек со помал телесен имунитет, тешко дека ќе сочува макар еден заб во устата после пет години нехигиена.