Секој сопственик на кучиња со сигурност знае дека понекогаш тие се грижат повеќе за нас отколку што ние се грижиме за себе, но се случува понекогаш и да направат штета. Многу е ретка можноста да се извлече нешто добро од лошото однесување, но токму тоа ѝ се случило на жена од Тајван.rnrn
rnrnДодека луѓето го задржуваат здивот да дознаат како се шири коронавирусот низ светот, едно специјално куче ја спасило својата згрижувачка и ја спречило да отиде на местото од каде потекнува вирусот.rnrnИ како кучето го сторило тоа? Па, сфатило дека пасошот на неговата газдарица е совршена играчка за џвакање. Бидејќи нејзиното куче го изгризало пасошот, таа не можела да отпатува во Вухан, како што првично планирала. Неколку дена подоцна, пристигнале првите извештаи за појавата на коронавирус во овој регион.rnrnКучето, по име Кими, можеби ја спасило сопственичката на начин на кој таа не можела ниту да предвиди. Илјадници луѓе се заразија со коронавирусот во Кина, а стотици починаа.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и овие 15 интересни ситуации кои докажуваат дека мачките нè имаат како нивни миленици, а не обратно.
Едно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасило животот на неговата сопственичка
