Нови истражувања покажале дека модерниот начин на живеење може да доведе до деменција, при што како главни виновници се наведуваат лошата исхрана и консумирањето нездрави пијалаци. Експертите особено ја посочуваат штетноста на газираните и зашеќерените пијалаци.rnrn
rn
„Можеби за многумина деменцијата претставува нешто неизбежно, но податоците со кои располагаме ни кажуваат дека таа најчесто се појавува како резултат на нездрав начин на живот. Можеби ќе сакате да размислите два пати пред да консумирате газирани пијалаци и други слатки производи бидејќи една од главните причини за губење на меморијата е шеќерот што се наоѓа во храната и разноразните пијалаци“, предупредува нутриционистот Рори Бат.
rnИстражувањата покажале и дека консумирањето зашеќерени пијалаци може да доведе и до зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест која е и најчестата причина за појава на деменција. Без оглед на видот на шеќерот, без разлика дали се работи за газирани пијалаци, слатки или колачи, откриено е дека оние кои консумираат најмногу шеќер имаат најголем ризик да заболат од Алцхајмерова болест.rn
„Премногу шеќер во газираните пијалаци е поврзан со дијабетесот тип 2, еден од најголемите фактори за ризик од деменција. Освен тоа, новото истражување откри дека вишокот шеќер во гореспомнатите пијалаци може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест, а со намалување, пак, на внесот на газираните пијалаци го намалуваме ризикот од развој на деменција во подоцнежните години“, вели докторот и автор на ова истражување, Даг Браун.
rnОткако прочитавте за најновите истражувања во поглед на деменцијата, можеби ќе сакате да прочитате и за есенцијалното масло кое ги намалува симптомите на деменција.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs