Сакате да се нашминкате како модните блогерки на Инстаграм, но сите ваши авантури со сенката за очи изгледаат аматерски? Не грижете се, постои едноставен трик кој ќе ви помогне без грешка да нанесете две нијанси и тоа според обликот на вашите очи.rnrn
rn
Постапка:
rnОвој трик е едноставен, а се состои во тоа што вашите очи треба да бидат отворени додека нанесувате сенка за очи.rnrn1. Нанесете подлога или малку коректор на очниот капак за вашата сенка да стои цел ден.rnrn2. На целиот капак нанесете сенка во светла боја (бела, беж, сребрена, златна, шампањ, нежно розова…)rnrn3. Отворете ги очите и со мека четка нанесете ја темната сенка во делот каде што се превиткува капакот (кога вашите очи се отворени ќе изгледа како да нанесувате сенка над трепките).rnrn4. Со мека четка уште еднаш поминете низ капакот за да ја изедначите сенката.rnrn5. Нанесете маскара.rnrn
rn
Зошто да ја користите оваа техника?
rnКога нанесувате сенка со отворени очи врз делот од капакот што се превиткува, можете да го погодите обликот на шминка кој совршено одговара на вашите очи. Плус, веднаш ќе го забележите резултатот, односно дали нанесувате премногу или премалку сенка, како и дали „цртате“ добар облик.
