Постои една пилатес вежба која е истовремено забавна, ефективна и смешна.rnrnЏозеф Пилатес, креаторот и основачот на пилатесот, ја креирал оваа вежба на ист начин како и сите останати – како комбинација од координација, истегнување, порамнување, дишење и временско усогласување. Но, ова е вежба која тој верувал дека секој човек треба да ја прави секое утро и се вика командос, денес повеќе позната како часовник или вртење на часовникот.rnrnДвижењето треба да се направи за една минута и е потешко одошто изгледа.rnrnПрво треба да си замислите дека вие сте стрелките на часовникот. Легнете на грб така што главата ќе ви биде наместена на 12 часот, а долниот дел од телото на 6. Кога ќе се придвижувате, правете го тоа во насока на стрелките на часовникот.rnrn1. Започнете со позиција во која лежејќи на грбот, нозете ви се скупчени кон телото. Подигнете ја главата и држете ги колената со двете раце.
2. Вдишувајќи, исправете ги рацете зад вас кон 12 часот, додека истовремено ги испружувате нозете кон 6 часот. Притоа грбот треба да ви биде цврсто прилепен за подот, а стомакот затегнат. Рацете и нозете во ниеден момент не треба да го допрат подот. Во зависност од силата што ја имате, ќе ги испружите нозете повеќе или помалку.
3. Како што ќе издишувате, обидете се да го свртите телото кон 1 часот, вовлекувајќи ги колената кон себе, исто како во првобитната позиција.
4. Вдишете додека ги истегнувате рацете кон назад, а нозете право кон 7 часот.
5. Чекорите 3 и 4 треба да ги повторувате додека не направите цел круг во часовникот.rnrn6. Штом завршите, тргнете обратно од движењето на стрелките на часовникот и повторете ја целата вежба од почеток.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
