КАФЕ ПАУЗА

Џенифер Лопез советува: 14 совети да останете вечно млади

Како што поминува времето, така ни изгледа и дека Џенифер Лопез се подмладува наместо да старее. Но, која е нејзината тајна? Погледнете ги следниве 14 трикови која таа секојдневно ги применува со цел да го задржи својот прекрасен младолик изглед…rnrnЏенифер Лопез советува: 14 совети да останете вечно младиrn

1. Крема за лице 60 секунди по бањањето

rnМногу е важно да нанесете крема за лице по бањањето. Во рок од 60 секунди откако ќе излезете од под туш, тенок процент од водата останува на вашата кожа и потоа испарува и таа почнува да ја губи својата влажност.rn

2. Немојте да пиете пред епилација

rnЗвучи чудно, но по низа тестови спроведени во текот на неколку години се покажало дека доволно е само една чаша вино или коктел пред посетата на салонот за убавина за целиот процес да биде поболен и помалку ефикасен.rn

3. Не ги стискајте забите

rnСо несвесното стискање на вилицата, вие ќе почнете да ја уништувате забната глеѓ, да создавате брчки на аглите од усните и да го нарушите обликот на вашето лице. Згора на сè, ако сте склони на крцкање со забите за време на спиењето, не чекајте и веднаш најдете силиконски протези со цел да ги заштитите вашите заби и да се одвикнете од оваа навика.rn

4. Намокрете ја косата пред пливање

rnПред да скокнете во базен или да пливате во море, најпрво полијте ја косата со вода. Таа го исполнува просторот помеѓу скалпот и косата и нема да дозволи да продре ниту сол, ниту хлор.rn

5. Павлаката е подобра за изгореници отколку кремата наменета за оваа цел

rnПавлаката содржи доволно масти за да ја смири кожата, додека млечните компоненти ја ладат и освежуваат. Исто така не мора да се плашите дека ќе развиете алергиска реакција. Намачкајте ја павлаката на изгореното место, држете ја 20 до 30 минути и измијте ја со ладна вода.rn

6. Не купувајте памук за лице

rnАко не сакате да ја нанесете пудрата со вашите прсти, користете густ сунѓер или четка. Што се однесува до тоникот за лице, најдобро е да го нанесете со рацете и потоа само да го измиете лицето. Памукот е бесцелно трошење пари.rn

7. Користете база

rnНеутралната база или прајмер, ќе го спречи прекумерното сушење на кожата која настанува поради одредени состојки во шминката. Доколку имате мрсна кожа, прајмерот ќе ви ги заштити порите и ќе ви го намали ризикот од акни.rn

8. Измијте го лицето со шампон за првут

rnОва не се препорачува често, но ако одеднаш почувствувате иритација на кожата, а немате соодветни средства, искористете го шампонот против првут.rn

9. Бричење на суво

rnСигурни сме дека вашиот брич стои на работ од кадата или некаде под тушот и секогаш го користите покрај млаз вода. Но, тоа е многу полоша опција за вашата кожа. Најдобро е доколку се бричите на сува кожа, а потоа нанесете крема. Иритацијата ќе биде помала и нема да ви се појават внатрешни влакненца.rn

10. Измијте ја косата со сода бикарбона

rnДоколку навечер имате важен настан за кој сте подготвиле софистициран стајлинг, користејќи различни гелови, пена и лак за коса, тогаш нивното отстранување ќе ви биде многу тешко. За да си го олесните миењето на косата, додајте 1 лажица сода бикарбона во вашиот шампон.rn

11. Измијте ги забите пред појадокот

rnСпоред истражувањата, оние кои ги миеле забите пред појадокот имале почисти и поздрави заби во однос на оние кои ја оставале оваа активност за подоцна.rn

12. Туширајте се со млака вода

rnМожеби на почетокот ќе ви биде малку ладно, но брзо ќе се навикнете, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.rn

13. Имајте кокосово масло на дофат

rnНе постои подобар начин да ја негувате кожата на вашето тело, да создадете идеална маска за лице, ниту пак да се грижите за здравјето на вашата коса од кокосовото масло.rn

14. Ден без шминка

rnОдвојувајте неколку денови во текот на месецот каде што целосно ќе ја одморите вашата кожа од шминката. Исто така никогаш не спијте нашминкани доколку сакате кожата на вашето лице да биде поздрава.