Домашно масло за сончање кое ќе ви го изедначи тенот и ќе ве заштити од УВ зраците

Сподели

Домашно масло за сончање кое е одлично за вашата кожа
Потребни состојки:

rn

    rn011

  • Маслиново масло
  • rn011

    Реклама
  • Моркови
  • rn011

  • Ореви (исечкани)
  • rn011

    Реклама
  • Цветови од лаванда, смил или жалфија
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо поголемо стаклено шишенце ставете неколку исчистени моркови, неколку исечкани зелени ореви и цветови од лаванда, смил или жалфија. Со оваа содржина, шишенцето би требало да се наполни до половина, а потоа до врвот дополнете го со ладно цедено маслиново масло. Смесата треба да се остави на сонце од 20-25 дена и е потребно секој ден да ја примешувате. Кога ќе помине назначениот период, содржината од шишенцето треба да се исцеди низ газа.rn

Зошто токму овој рецепт?

rnМаслиновото масло има природен заштитен фактор 2, па во комбинација со морковите и оревите, значително ќе ја зголемите неговата моќ, како и дополнително ќе ја негувате и хидрирате кожата. Морковот е богат со бета-каротен и витамин А, па се користи и во модерните препарати за сончање бидејќи ја обновува кожата и го забавува стареењето, ја спречува чувствителноста на сончевите зраци и го забрзува потемнувањето. Жалфијата, лавандата и смилот освен што даваат прекрасен мирис, одлични се и за негата на кожата. Делуваат антивоспалително на акните и изгорениците, а жалфијата го намалува и целулитот.

Најново

Може ќе ве интересира