Доколку сакате на некоја комбинација да додадете нова визуелна димензија тогаш со без сомнение треба да се одлучите за некој интересен каиш. Но изборот на каиш кој одговара на вашата фигура понекогаш може да биде тежок предизвик. Многу модни експерти се држат до ставот дека широките каиши се само за високи девојки со долго торзо, додека оние тенките за ниски девојки и краток струк. Меѓутоа, не мора секогаш да се држите до овие правила, па затоа испробајте неколку различни модели и одлучите самите што најмногу ви прилега и ви се допаѓа. Исто така постојат многу начини да ги „зачините“ вашите модни комбинации со помош на каишот, за тие да изгледаат поинтересно, оригинално и занимливо, а покрај обичниот каиш може да користите марами, каиш со синџири во металик нијанси и слично.
rn
1. Изберете ефективен каиш за да ја збогати вашата модна комбинација
rnАксесоарите кои ги избирате може да го надградат вашиот изглед или пак потполно да го уништат, па затоа направете рамнотежа помеѓу комбинацијата која ја носите и деталите кои ја красат. Светликав каиш може да ја збогати секоја комбинација, започнувајќи од лежерен па сè до елегантен. Каишот со синџири, модел во златна боја или со метална основа ќе даде ефективен изглед, но низ синџирите, кои се нижат еден под друг ќе ја покажат вашата креативност и уметничка вештина. Може да додадете златен каиш со синџири на вашето елегантно одело за додатен гламурозен изглед. Играјте си со должината на синџирите и потрудете се секој од нив добро да се гледа.
rn
2. Врзете го каишот во јазол
rnАко барате тренди начин на кој што можете да го носите вашиот каиш, тогаш врзувањето во јазол е одлична идеја. Она што треба да го знаете е дека треба да изберете каиш кој е подолг од просечната должина која ви е потребна, за краевите да бидат доволно долги за да можете да ги врзете. Тенките каиши се врзуваат подобро отколку оние пошироките, но пак вторите носат позанимлив изглед на вашата комбинација. Кога ги избирате боите кои што ќе ги комбинирате, обидете се да експериментирате на повеќе нивоа и ставете кафеав каиш на зелен капут или пак црн на фустан со силно црвена боја.
rn
3. Носите каиши кои го прават вашиот изглед покреативен
rnНеобичните облици на каиши како што се XXL или оние во облик на панделка изгледаат разиграно и креативно. Иако можеби е потребна поголема храброст за нив, обидете се да изгледа смело и модерно. Исто така, внимавајте да не претерате со премногу детали така што ќе се одлучите за едно парче, но ефективно. Но, кој вели дека секогаш морате да носите каиш? Врзана марама околу струкот ќе биде совршена креативна замена за нешто вообичаено, па затоа послужете се со овој трик и секогаш ќе изгледате поразлично од останатите.
rn
4. Носете каиш за да ги „скротите“ повеќето слоја на себе
rnПовеќето жени носат каиши за да го истакнат својот струк и да ги нагласат облините, а овој трик е одличен кога сакате да го постигнете тоа дури и кога носите неколку слоја облека на себе. За да изгледа вашиот аутфит елегантно и мирно околу широкиот мантил или пончо, заврзете каиш или широк појас. Овие комбинации изгледаат тренди, а притоа ве штитат од ветрот и ви ја обезбедуваат потребната топлина.

