rnrn
rn
7. Таа ви создава чувство како да сте дома
rnДа се биде заљубен, навистина заљубен, е исто како за прв пат во животот да го најдете вашето совршено место на овој свет. Доколку погледнете во нејзините очи и можете да ја забележите нејзината душа како се отсликува во нив, тогаш вие сте дома. Немојте никогаш да си одите.rn
8. Таа нема проблем да ви кажува дека не сте во право
rnСекој маж има потреба од жена која ќе му посочи кон неговите глупости. Одвреме-навреме, мажите имаат уникатна способност да направат претерано лоша одлука или некоја глупост. Доколку сте нашле девојка која е подготвена активно да ве следи и која ќе ви кажува кога би можеле да направите грешка, тогаш со сигурност побезбедно ќе се движите низ животот.rn
9. Таа е силна, но женствена
rnСите луѓе имаат различен вкус кога станува збор за жените кои ги привлекуваат, но едно нешто е заедничко кај сите. Мажите ја обожаваат комбинацијата на силина и женственост. Силната жена е партнерка која секој маж треба да ја има, а женствената жена е… Па, едноставно жена. Овие две нешта можат да се најдат кај жената која знае како да го одржува својот став и која истовремено е горда на себе.rn
10. Таа е страсна
rnЖивотот исполнет со страст е живот кој вреди да се живее. Но, доколку сте сами тогаш ова е скоро невозможно да се оствари. Страста постои помеѓу две нешта, најчесто помеѓу две индивидуи. Убавината на страста е дека таа понекогаш е заразна, па доколку вашата партнерка ја поседува, со сигурност ќе ви ја пренесе и вам.rn
11. Таа има свои цели
rnНекои мажи сакаат својата жена да се грижи само за домот и децата. Постојат и жени кои го сакаат тоа. Но, тоа не значи дека таа не треба да има свои цели. Дури и да не сака да гради своја кариера, погрижете се дека таа има живост во себе која ќе ја води кон своите цели.rn
12. Таа ви значи сè на овој свет
rnПонекогаш сакаме одредена личност повеќе отколку што сме можеле да замислиме дека е можно. Да бидеме искрени, не ви е потребна причина за љубовта. Доколку ја сакате и не можете да го замислите вашиот живот без неа, тогаш едноставно не си дозволувајте да ја изгубите.
