Иако за многумина од нас шминкањето претставува секојдневна рутина, сепак понекогаш ги занемаруваме некои од основните правила кои имаат големо влијание врз нашиот целосен изглед и впечатокот кој го оставаме на другите. Затоа треба да се држиме до некои правила кои ќе ни овозможат правилна употреба на нашата шминка.
Ова се 4-те основни правила за нанесување шминка, според мислењата на експертите:rn
1. Подлога
rnБазата никогаш не треба да се нанесува директно на кожата. Неа секогаш треба да ѝ претходи хранлив серум или хидратантна крема.rn
2. Нијанса на пудра
rnНијансата на пудра која одговара на вашиот тен не се бира на тој начин што ќе ја проверите на дланките, туку така што ќе нанесете мала количина под брадата и ќе размачкате малку на вратот. Совршената нијанса е онаа која се поклопува со природниот тен.rn
3. Коректор
rnНесовршеностите не треба да се покриваат со огромни количини на пудри. За тоа служи коректорот. Само така вашето лице може да изгледа здраво и убаво, а тенот изедначен.rn
4. Руменило
rnРуменилото секогаш се нанесува на највисокиот дел на јаболкниците, а после тоа со кружни движења со четка се разнесува од страната кон ушите.

