Процесот на губење килограми не се случува преку ноќ, а премногу строгите диети се причина поради која поголемиот дел од луѓето се откажуваат од својата цел. Доколку сакате да ослабете, најпрво треба да го стартувате вашето тело. Најдобар и најбрз начин за тоа е пешачењето, барем 15 минути дневно. Но, исто така е важно да направите и промени во секојдневните навики и исхраната. Сепак, тоа не значи дека морате да се откажете од слатките и омилената храна.rnrn
rn
1. Трпението е доблест!
rnЧувството на глад може да се „убие“ на различни начини, а еден од нив е да забавите и да се опуштите додека јадете. Колку побрзо јадете, толку побрзо ќе почувствувате повторно глад. Јадете залак по залак, темелно џвакајте и на тој начин многу побрзо ќе станете сити. Присилете се после секој залак да го оставате приборот за јадење сè додека храната целосно не исчезне од вашата усна шуплина.rn
2. Сити, а не полни!
rnЗа да останете фит или да изгубите килограми не морате да го жртвувате омилениот десерт или јадење туку да ја намалите количината, а потоа да ја наполните чинијата. Најлесен пат до посакуваната тежина е количината. Обидете се да ја намалите порцијата и да престанете со јадењето веднаш што почувствувате дека сте го убиле гладот. Експертите сметаат дека нема да се здебелите од храната која ја јадете туку од количината што ќе ја изедете.rn
3. Ситни измами за желудникот!
rnНајстариот трик со кој секое јадење ќе го преполовите е предјадењето. Односно, супа или салата пред јадењето е чудотворно оружје кое ќе ве спаси од прејадување. Пред да навалите на омиленото јадење, изедете полна чинија супа или свежа салата, а потоа јадете го главниот оброк. Предјадењето добро ќе ве заштити и ќе изедете барем една третина помалку од храната.rnrn
rn
4. Леб, десерт или пијалак?
rnХраната од која најмногу се дебелееме е преполна со разни калории кои ги обожаваме. Главните виновници се лебот, слатките и пијалаците кои содржат поголема количина шеќер. Но, тоа не значи дека треба да ги исфрлите сите три пороци, туку да одберете само една од нив. Затоа, ако посегнете по парче леб, прескокнете го десертот и напијте се вода.rn
5. Нема прескокнување оброци!
rnНајлошата работа што можете да ја направите е да го прескокнете оброкот. Дури тогаш ќе почувствувате силен глад и потреба за храна што ќе ве натера во текот на следниот оброк да претерате со јадење.rnrn