Да носите гаќички или да не носите гаќички? Тоа е прашањето кое Шекспир требало да го постави, бидејќи на тој начин би ги поштедил жените од долгогодишни дебати на оваа тема. Постојат многу погрешни сфаќања за изоставувањето на гаќичките од вашата облека, но голем дел од нив се само митови. На крајот од денот, неносењето гаќички не е толку голема работа колку што мислите бидејќи освен вас, никој друг не мора да знае… Погледнете ги наредниве 10 причини зошто барем понекогаш е добро да не носите гаќи.rnrn
rn
1. Поудобно е
rnНајголемата причина зошто би требало да заборавите на вашите гаќички е удобноста. Понекогаш тие навистина знаат да пречат кога носите пантолони, па нивното изоставување во овие ситуации може да направи да се чувствувате подобро.rn
2. Не постои поврзаност помеѓу неносење гаќички и „закачување“ инфекции
rnМожеби ви изгледа како помеѓу пантолоните и вашата вагина да има простор за група бактерии, но таа идеја одамна е отфрлена. Според д-р Џилијан Дин, не постои научно истражување кое има поставено директна поврзаност помеѓу неносењето гаќи и здобивањето одредени бактериски или габични инфекции.rn
3. Изоставувањето на гаќичките всушност може да ги спречи инфекциите
rnДоколку чувствувате каква било иритација или чешање таму долу, гинеколозите многу често препорачуваат одредено време да не се носат гаќи. На својот блог, гинекологот д-р Кејт ни открива дека на овој начин ќе се намали чувството на неудобност. Доколку не сте слободни да го сторите тоа преку ден, обидете се барем навечер.rnrnД-р Алиса Двејк исто така ја поддржува оваа теорија така што објаснува дека доколку вагината е постојано прекриена, се создава многу повеќе влажност и токму тоа создава идеална околина за габични инфекции.rn
4. Не постои ризик од линии на вашиот задник предизвикани од гаќичките
rnСите сме биле сведоци на овој феномен. Жена во тесни пантолони со светла боја заборавила дека ги носи на себе своите портокалови „бабини“ гаќи и тие целосно се исцртуваат на нејзиниот задник. Не постои ништо понепријатно за една жена од оваа ситуација, но тоа никогаш не би ви се случило доколку воопшто не ги облечете вашите гаќички.rn
5. Ако некогаш навистина треба да бидете без гаќички, вие веќе ќе имате искуство
rnВо текот на вашиот живот, сигурно барем еднаш ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да ги изоставите гаќите, па зошто претходно да не се подготвите за овој момент? Погледнете само колку славни ѕвезди се приморани да не облечат гаќички само поради фактот што нивниот фустан не го дозволува тоа.rn
6. Ќе се чувствувате посекси
rnТочно, некои девојки се чувствуваат секси во долна облека, но зарем постои нешто повозбудливо и поризично од тоа да бидете целосно голи под облеката? И токму оваа тајна која ја чувате за себе може позитивно да влијае врз вашата самодоверба додека разговарате со вашите соработници, професори, пријатели, па дури и со момчето кое ви се допаѓа.rn
7. На вашиот партнер со сигурност ќе му се допадне оваа идеја
rnЗарем има подобар начин да му ја разгорите фантазијата од изјавата на почетокот од вечерта со која суптилно ќе му соопштите дека не носите гаќички? Шепнете му ја оваа тајна тивко, на јавно место и набљудувајте ги промените на неговото лице. Доколку ви е потребна возбуда во врската, ова веднаш ќе ви помогне!rn
8. Вашите пантолони подобро ќе ви стојат
rnДали имате одредена долна облека која не можете да ја носете со одредени пантолони само затоа што прават тие да ви стојат поинаку? Доколку не облечете гаќички, овој проблем целосно ќе го снема. Од друга страна пак, можете да купите и помал број или потесни пантолони кои дополнително ќе ја нагласат вашата фигура без ризикот дека гаќичките ќе направат некаква промена.rn
9. Ќе чувствувате повремени изливи на задоволство во текот на денот
rnДоколку вашата вагина не е „заштитена“ со гаќичките од пантолоните, тие можат да создадат интересни сензации во текот на денот. Ова особено се случува со фармерки бидејќи тие се поцврсто зашиени, па од движењето можат да направат да се почувствувате потопло таму долу.rn
10. Понекогаш едноставно морате да го направите тоа
rnВи се случило ли некогаш бидејќи сте биле многу зафатени или премногу мрзливи да останете без чиста долна облека, па да морате да ги носите истите гаќички повторно? Во оваа ситуација многу е подобро да бидете без нив, отколку со нив.