КАФЕ ПАУЗА

Десет страшни, но безопасни здравствени симптоми

Десет страшни, но безопасни симптоми

Ако ги пребарувате на Интернет причините за секој грч или модринка што ќе ги добиете, постои голема можност да се убедите дека имате сериозни здравствени проблеми. Затоа докторите ви ги откриваат најчестите симптоми кои вам ви изгледаат страшни, но се сосема безопасни.rnrnДесет страшни, но безопасни симптомиrn

1. Крцкање на зглобовите

rnИстегнувањето на телото и пешачењето може да предизвикаат крцкање на колената, рамената или грбот. Таквиот звук можеби звучи страшно, но најчесто не се работи за нешто посериозно. Всушност, крцкањето на зглобовите може да се јави како производ на гас. Течноста помеѓу зглобовите која делува како лубрикант содржи гасови како кислород, јаглерод диоксид и азот. Притисокот при движењето на зглобовите предизвикува меурчињата да се распрснат во течноста и притоа создаваат звук на крцкање или потпукнување.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: крцкањето на зглобовите предизвикува болка или е пропратено со други звуци.rn

2. Потемнети нокти на нозете

rnДолгото трчање во чевли кои не се соодветни за вашите стапала предизвикува удирање на прстите на нозете од врвот на чевлата, правејќи ги ноктите застршувачки црни. Иако изгледа опасно, сепак потемнетите нокти се резултат на модринките настанати од внатрешно крварење под ноктот. Секој чекор само го зголемува количеството на крв под ноктот и заради тоа оваа појава не е опасна, но може да биде многу болна.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: се појави оток или црвенило околу потемнетиот нокт што може да биде знак за инфекција.rnrnДесет страшни, но безопасни симптомиrn

3. Тресење на мускулите додека вежбате

rnНовите вежби или зголемувањето на интензитетот на вежбањето може да предизвика тресење на мускулите. Но тоа не е опасно затоа што тресењето всушност значи синхронизирање на мускулните влакна. Не сите мускулни влакна реагираат во исто време. Дел од нив мируваат додека другите се активни и обратно. Тресењето се јавува кога мускулот се доближува до својата граница и се активни многу малку мускулни влакна за да се овозможи негово непречено движење. Освен тоа, дехидратацијата може исто така да предизвика тресење на мускулите.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: освен тресењето на мускулите се појават и болки или вртоглавица.rn

4. Треперење на очните капаци

rnСпонтаното и неконтролирано треперење на очните капаци уште е познато како миокимија. Тоа најчесто е резултат на стрес, замор или недостаток на сон. Честата употреба на кофеин и алкохол, долгиот временски период поминат пред компјутер и несоодветните очила исто така може да предизвикаат треперење на очните капаци.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: треперењето на очните капаци е проследено со целосен грч на лицето што може да укажува на некое невролошко нарушување.rnrnДесет страшни, но безопасни симптомиrn

5. Бенки и слични кожни израстоци

rnМалите израстоци на кожата насекаде по телото се всушност мали бенигни тумори. Тие најчесто се наследуваат генетски и не се опасни. И мажите и жените се подеднакво предиспонирани да се здобијат со вакви израстоци, иако кај жените дебелината и бременоста ги зголемуваат шансите за развој на бенки.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: забележите ненадеен осип по целото тело или по одреден дел од телото.rn

6. Треперење на рацете

rnАко забележите дека раката ви трепери додека се обидувате да се напиете чаша вода, не паничете. Најверојатно се работи за состојбата позната како неопходно треперење. Ваквото треперење е безопасно и не е поврзано со никакви други невролошки симптоми. Обично се јавува кога држите нож или виљушка, за разлика од Паркинсоновото треперење кое се јавува кога рацете се во опуштена состојба. Адреналинот го поттикнува неопходното треперење па затоа возбудата и лутината може само да ги влошат симптомите.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: треперењето почне да се јавува почесто и ако е проследено со други невролошки симптоми, како на пример, промени во говорот.rnrnДесет страшни, но безопасни симптомиrn

7. Вертикални линии на ноктите

rnМалите испакнати линии кои се протегаат од коренот до врвот на ноктите на рацете се слични на брчките на лицето. Тие се предизвикани од старост и не се знак на некаква медицинска состојба. Познати се уште како „кршливи нокти“ заради вертикалните линии кои ги зголемуваат шансите за кршење на ноктите.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: линиите на ноктите се хоризонтални, во различни бои или искривени, што може да биде симптом за нешто посериозно.rn

8. Заматување на видот

rnПојавата на точки кои лебдат пред вашите очи почесто се јавува кај кусогледите луѓе и обично не се смета за опасна. Лебдечките точки и стаклести тели се предизвикани од промените кои настануваат заради стареењето на очите. Стаклестиот дел од окото се собира и се згуснува поради што се појавуваат точки, линии, пајажини или кругови кои го заматуваат видот.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: видот ви се замати неколку пати за краток временски период или ако ви се појават сенки пред очите.rnrnДесет страшни, но безопасни симптомиrn

9. Пукнати капилари во очите

rnПукнатите капилари кои се појавуваат како црвена мрежа во белката на окото не се опасни, освен ако не се појавуваат често. Силното триење на очите, силното кивање и запекот се најчести причини за пукање на крвните садови во окото. Антикоагулансите и големото количество на Омега 3 масните киселини може исто така да предизвикаат пукнати крвни садови.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: крвните садови во окото прскаат почесто затоа што тоа би можело да биде симптом кој укажува на неконтролирана хипертензија.rn

10. Зимско крвавење од носот

rnИако крвавењето од носот изгледа застрашувачко, најчесто нема место за паника. Носот содржи многу крвни садови кои лесно крвават. Зимскиот студ и сувиот воздух кои минуваат низ носот ги стеснуваат крвните садови што доведува до нивно пукање. Освен тоа, средствата за разредување на крвта и аспиринот може исто така само да го влошат крвавењето.rnrnКонсултирајте се со доктор ако: крвавењето е обилно и се повторува повеќе од една недела.rnrnДесет страшни, но безопасни симптомиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.