Фенот за коса е предмет кој секој го има во својот дом. Секако, тој е незаменлив во секојдневниот живот на секоја жена. Многумина од нас го користат само за неговата универзална намена, сушење на косата, без да знаат какво универзално средство може тој да биде. Ви предлагаме да ги запознаете овие 10 начини на којшто може да го искористите вашиот фен. Можеби некои ќе ги препознаете, но поголем дел од нив ќе ги сретнете за прв пат. Се надеваме дека овој обичен апарат ќе се претвори во најдобар помошник во вашето домаќинство.rnrn
rn
1. За отстранување на трагите од дрвени бои од ѕидот
rnДетските ремек-дела може лесно да ги отстраните со помош на фенот. Загрејте го со фенот местото каде што е направена штетата, а потоa пребришете со крпа. Лесно и ефикасно.rnrn
rn
2. За отстранување на самолепливите сликички
rnКај оние кои имаат мали деца, секогаш се појавуваaт самолепливи сликички по мебелот. Во овој случај, топлиот воздух насочете го кој несаканата сликичка, а потоа лесно одлепете ја.rnrn
rn
3. За корекција на очилата
rnАко новите очила ви се малку лабави, вклучете го фенот на најјакиот степeн и дувајте во рачките. Тие ќе станат меки и лесни за виткање, па ќе може да ги коригирате.rnrn
rn
4. За експресно сушење на ноктите
rnМногумина знаат за оваа метода, но малкумина ја испробале. Но, навистина делува! Ако се брзате, исушете го лакот за нокти со помош на фен. Воздухот не треба да биде топол.rnrn
rn
5. За отстранување на стврднатиот восок
rnВосокот од работната површина може лесно да го отстраните со помош на фен.rnrn
rn
6. За чистење на огледалото во бањата
rnАко огледалото во бањата се замаглува или пак е покриено со дамки, насочете го топлиот воздух од фенот кон него. Сите дамки постепено ќе исчезнат.rnrn
rn
7. За безболно отстранување на фластерот
rnЗа да го отстраните фластерот од кожата, загрејте го со топол воздух од фенот, и потоа тој лесно ќе се одлепи од неа.rnrn
rn
8. За облоги
rnАко сте нанеле топли облоги, многу е важно да ја одржувате температурата, а за тоа ќе ви помогне фенот.rnrn
rn
9. За одлепување на загорениот колач
rnАко колачот малку загорел, загрејте го дното на тепсијата со фен, па потоа полесно ќе го извадите.rnrn
rnrnАко пак глазурата не се распоредува рамномерно, загрејте ја со топол воздух. Потоа користете ладен воздух за таа да стане мазна.rnrn
rn
10. За необична уметност со најмалите
rnЗа децата да нацртаат креативна слика, може да користат мрсни бои. Фиксирајте ги боите на хартија и загревајте ги со фен. Погледнете го прекрасното виножито!rnrn