Кога ПМС се комбинира со воспалено грло, треска, болки во мускулите и кивање, ќе добиете три дена пекол наречен менструална треска.rnrn
rn
Што е менструална настинка?
rnОва е вообичаено име за еден посебен вид менструални заболувања. Ваквиот ПМС значи дека секој месец, во последните три дена од циклусот, непосредно пред новата менструација, ги имате сите симптоми на грип. Овие симптоми може да вклучуваат дури и треска, воспаление на грлото или кивање. Иако ви се чини дека овој специјален мини пекол е направен само за вас, тоа не е така. Резултатите покажуваат дека помеѓу 5 и 10 проценти од жените имаат симптоми на настинка за време на ПМС. Значи, секоја десетта жена има сличен проблем.rn
Зошто се појавува менструалната настинка?
rnНаучниците сè уште немаат официјално објаснување зошто кај некои жени симптомите на ПМС се изразени на овој начин. Но, естрогeнот е тој што ја активира менструалната настинка. Нивото на овој женски хормон нагло паѓа пред менструацијата и кај некои жени предизвикува толкав хаос во организмот, што имунитетот реагира како да бил нападнат од вирус. Зошто токму на тој начин и зошто токму кај тие жени, науката сè уште не успеа да објасни.rn
Кои се симптомите на менструална настинка?
rnБуквално се чувствувате како истовремено да имате ПМС и настинка. Вашите гради се отечени и болни, чувствувате грчеви во стомакот, депресивни сте, може да имате и главоболка. Но, згора на сето ова, ги имате и следниве симптоми на настинка:rn
- rn 011
- силна болка во мускулите
- слабост
- главоболка
- кивање или течење на носот
- болка во грлото
- треска
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnСе чувствувате како да имате треска, но повеќето жени, сепак, не добиваат покачена телесна температура, а тоа е знак по кој вистинската инфекција се разликува од менструалната настинка.rn
Дали постои лек за менструалната настинка?
rnЗа жал, нема лек за менструалната настинка. Достапни ви се само одредени рутини кои можат да помогнат во ублажување на симптомите. За да ги намалите симптомите, земете ибупрофен. Тој ќе ги ублажи повеќето ваши симптоми. Исто така, користете термофор за да ги намалите грчевите и пијте многу вода.rnrnЗа превенција можете да пиете калциум. Калциумот има ефект во регулирањето на нарушувањата пред менструацијата. Исто така, земете додатоци на витамин Б6 бидејќи е медицински докажано дека овој витамин ги намалува симптомите на ПМС. Освен тоа, треба да го намалите внесот на алкохол и кофеин.rnrnПрочитајте зошто сте дополнително уморни за време на менструацијата.