Со доаѓањето на пролетта сите се чувствуваме подобро, полни со енергија и желба за позитивна промена. Пролетта, сончевите зраци, црцорот на птиците, нè тераат да излеземе надвор и да ѝ се радуваме на природата. Но, пролетното сонце не значи дека нашата потреба за витамин Д е задоволена.rnrn
rnrnСпоред новите истражувања, кај голем дел од светската популација се забележува дефицит на витамин Д, познат уште како „сончевиот витамин“. Сите ние треба да бидеме свесни за фактот дека оваа хранлива материја ги одржува во функција коските, мускулите, хормоните, срцето, гастроинтестиналниот тракт, мозокот и имунолошкиот систем (листата е долга, нели?!).rnrnНедостатокот од витамин Д може да има негативни последици врз целокупното здравје. Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат подалеку од екваторот во места со постудена и потемна зима се соочуваат со поголем недостаток на витамин Д. Се покажало дека кај овие луѓе, присуството на сонцето во одреден дел од годината не било доволно за да се надомести потребната количина на витаминот Д.rnrnДруго истражување од 2017 година на мексикански испитаници покажало дека и покрај тоа што живеат во област со доволна сончева светлина во текот на сите годишни времиња, и тие се соочувале со дефицит на витамин Д. Истражувачите откриле дека количината на витаминот Д во организмот влијаела од повеќе фактори како возраста, полот, тежината, но не откриле директна поврзаност помеѓу изложеноста на сонцето и недостатокот од витамин Д.rnrnСо други зборови, не треба да ги занемарите вашите суплементи на витамин Д само поради тоа што надвор има сонце!rnrnИако сончевите денови стануваат сè почести, не смеете да ги заборавите вашите додатоци со витамин Д. Имајте на ум дека топлите сончеви зраци нема да ви ја пружат потребната дневна доза на оваа хранлива состојка. Од друга страна, консумирајте почесто намирници кои содржат витамин Д како, на пример: млеко, јајца, житарки, јогурт, печурки, туна, лосос, сардини и авокадо.rnrnОткако прочитавте дека сонцето не е доволно кога станува збор за витаминот Д, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат на недостаток од витамин Д.rnrnИзвор: mindbodygreen.com
Дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д?
